Повторно се родив

Кога дојдов во Нарконон Балкан, бев скроз изгубен. Телото ми беше тешко, мозокот како во магла, а енергија немав ни за најобични работи. Сакав само да лежам и да не мислам на ништо. Мислев дека никогаш нема да се вратам во нормала.
Кога стигнав до сауната, не знаев што точно да очекувам. Првите неколку дена ми беа тешки – се потев, ми беше напорно, а мислите ми се врткаа. Но, нешто почна да се менува.
Секој ден чувствував како да вадат дел од товарот што го носев со години. Телото ми се исчисти, кожата ми заблеска, а умот ми стана чист. Како да се будев од долг и тежок сон.После некое време во сауната, буквално се почувствував како да сум се родил повторно. Витамините, режимот, и целата грижа што ја добив тука – ми го вратија животот назад. Сега сум присутен, жив, и имам волја да продолжам напред. Благодарение на сауната во Нарконон Балкан повторно почувствував што значи да се биде жив!!
И.М., Студент во Нарконон Балкан