Труд и Желба

Со секој ден поминат во Нарконон Балкан ми помага да сватам колку работи, вештини и способности зависноста ми одзела и ме направила жив мртовец што не е способен ни да се ориентира некаде во просторот а камоли да бидам свесна во колку опасна околина сум се наоѓала.
Денес осетив и видов што значи тоа да си добро ориентирана во секој момент и секој чекор да станувам посвесна за се околу мене. Денес вистински сватив каква дојдов првиот ден во центарот и колку бев изгубена. Незнаев каде се наоѓам ни што правам јас воопшто на ова место. Денес сум се искачила на едно високо скалило и компасот што го изгубив на патот со зависноста сега ми го покажува правецот на каде треба да одам!
„Секој мој труд вложен во себе е цена која што сакам да ја плаќам за мојот нов начин на живот.“
Цврсто стојам на тоа дека дека нема да се вратам во околината на која што не и припаѓам и јас сум таа што ја креира мојата иднина. Секој мој труд вложен во себе е цена која што сакам да ја плаќам за мојот нов начин на живот. Нарконон Балкан ви благодарам од срце за тоа што ми покажавте дека можам да бидам среќна и можам да живеам со насмевка и задоволство на моето лице !!
М.К., Студент во Нарконон Балкан


