2 години ослободена од дрога

Тамара З. дипломец на Нарконон
Тамара З. дипломец на Нарконон
 

Здраво, јас сум Тамара имам 23 години и бев зависничка од дрога 7 години.

Почнав од мала возраст со користење на марихуана, немав никакви информации за штетноста и последиците па брзо преминав на други дроги. Беше ужасно, набрзо изгубив контакт со луѓето кои ми значат, фамилијата, најблиските пријатели и подлегнав под сенката на злото. Бев опкружена само со дилери и зависници, мрачни луѓе, дрога и криминал од кои немаше излез, не гледав светлина од ниедна страна. Многу пропаднав, не јадев и не спиев со денови, параноја, депресија, нервоза и несоница, ужасно изгледав. Пробав сама да се откажам но неможев, порокот беше посилен од мене.

Со помош на Нарконон програмата јас се променив, сфатив дека животот е убав и без пороци, си ги вратив изгубените способностии стекнав нови, пак животот ми е во моја контрола.

Болно е кога човек учи од сопствените грешки а не од туѓите, но уште поболно е да не научи никогаш. Со помош на Нарконон програмата јас се променив, сфатив дека животот е убав и без пороци, си ги вратив изгубените способностии стекнав нови, пак животот ми е во моја контрола. Сфатив кои луѓе да си ги чувам до мене блиску а кои подалеку од мене.

Најбитно е тоа што сум сосема здрава умствено и физички! Научив да живеам чесно, морално и етично. Горда сум на тоа што станав од дното и живеам ослободена од отровите во телото и умот веќе 2 години.

Видов како е во пеколот и немаше ништо убаво таму, па решив животот да го поминам здраво, да се едуцирам и да растам како личност. Убавината е во спокојот и мирот, животот вреди да се живее кога ќе ја откриеш вистинската смисла во него. 

Тамара З. дипломец на Нарконон


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА