Се сакам себе си

Чуствувам многу промени кај себе. Физички сум ослободен од тиковите кои ги имав. Почнав телото да си го осеќам како свое, можам да ги извршувам сите задачи кои сам ќе си ги дадам и се што ќе се побара од мене. Почнав повторно нормално да спијам, полесно заспивам и полесно се будам на сабајле. Сега не ми требаат никакви лекарства, претходно пиев доста само колку да можам да од спијам неколку саати. Се поправив 14 килограми, апетитот ми е доста вратен но најбитно од се повторно почнав да се сакам себе си. Меморијата ми се врати, концентрацијата ми се зголеми, ми se вратија чуства и емоции. Многу објективно гледам на работите сега и не сум толку многу себичен. Ги забележувам и малите работи околу мене и уживам во нив. После многу години ми се врати насмевката на лицето и сега не дозволувам да ме контролираат лоши мисли. Сега сум спремен за нови предизвици. Сето ова го постигнав само со делот на детоксикација во Нарконон Балка, не стрплив сум да видам и какви други промени ќе имам.
М.Л., студент на Нарконон Програмата