Комуникациски вежби - првиот дел од курсот Објективи

Комуникациски вежби
(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)
Програмата на Нарконон, веднаш после Детоксикацијата се прават уникатни вежби кои ги подобруваат способностите за комуникација и контрола. Овие вежби имаат за цел да го обучат лицето да ги испорачува Објективите.

Следуваат приказни за успех од две лица кои заеднички успешно го завршија овој чекор.


„За време на комуникациските вежби научив многу нови работи, нови техники на кои што веднаш најдов примена односно почнав да ги користам како во програмата така и во секојдневниот живот. Циклусот на вежбите е така добро конструиран да можеш веднаш да ја тестираш примената на секоја вежба и да видиш какви придобивки ќе имаш од истата.

Во текот на вежбите научив многу повеќе за себе и за она што се случува околу мене. Имам многу подобрувања во однос на комуникација, разбирање и едноставно сум сигурен во себе и во своите акции, немам сомнежи како што сум имал порано. Во текот на правењето на вежбите ми се разјаснија многу работи на кои претходно ми беше заглавено вниманието и се родија многу нови идеји кои чекаат реализација. Благодарност до супервизорт кој ме водеше односно ми помагаше во текот на учењето на материјалот и вежбите.“

Студент на Нарконон Балкан – Ј. П.

„Денес ги завршив комуникациските вежби! Можам да кажам дека искусив големи – позитивни промени во мојот карактер, во целото мое сваќање на животот, на луѓето и сите останати нешта што ме опкружуваат.“

„Денес ги завршив комуникациските вежби! Можам да кажам дека искусив големи – позитивни промени во мојот карактер, во целото мое сваќање на животот, на луѓето и сите останати нешта што ме опкружуваат.

  • Се осеќам среќно, весело и релаксирано.
  • Се справувам со секој проблем без нервоза, без брзи одговори и можам да се соочам со леснотија.
  • Моето семејство, персоналот на Нарконон и студентите ги приметуваат овие позитивни промени и новиот Јас.
  • Веќе не ми се случува мислите да ми залутаат кон и алкохол. Правам шеги за тоа но, немам никаква стрвост.
  • Сите вежби во овој дел беа од голема корист за мене и баш е зачудувачки како делуваат позитивно на мене а можам да забележам и на другите студенти.

Сакам да се заблагодарам на мојот супервизор, на останатиот дел од персоналот, на лицето со кое ги работев вежбите и на останатите студенти кои ми помогнаа на секаков начин да го постигнам овај досега најголем успех во мојот живот!“

Студент на Нарконон Балкан – В. Д.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА