Нарконон ми ги даде потребните алатки за брзо да се вратам на правиот пат

happy mother
(Слика од bedya/iStockPhoto.com)
 

После престојот и едукацијата во Нарконон Балкан можам гордо да кажам дека сум сосема друга личност. Личност со поголема самодоверба, подобри комуникациски вештини и подобри способности за справување со секојдневните предизвици.

Повеќе почнав да се ценам самата, задоволна и среќна сум најпрвин со самата себе а со тоа се подобри и моето задоволство и уживање во животот во целост. Моето убедување дека другите околу мене се одговорни за мојата среќа потполно се смени. Користам секојдневно сè што сум научила во Нарконон и функционирам одлично.

Најголем успех применувајќи го наученото, постигнувам со ќерка ми, и помагам и правилно ја насочувам да израсте во среќна и здрава единка. Често слушам коментари од други мајки „блазе си ѝ колку мирно дете има“. Да бидам искрена, кога станав мајка немав никакво искуство и ги слушав бабите што и како да сум правела со бебето, многу хаотично ми беше и напорно, но откако ставив крај на тоа и почнав да го применувам знаењето што го стекнав во Нарконон сè се промени; почнав да уживам во улогата на мајка. Исто така многу луѓе сами се оддалечија од мене, стекнав нови пријатели. Почнаа да ми се случуваат убави работи.

Продолжив со едукација – завршив уште два курсеви. Успеав да го соочам фактот дека ќе живеам во иста куќа, со исти луѓе, во која живеев пред да дојдам во Нарконон; си го прифатив како мој дом. Никогаш не сум се гледала во улога на мајка, но ете сега и таа улога ја играм успешно дури и работам во градинка како воспитувачка и водам група од 10 деца; нешто што претходно ми беше незамисливо; пак ќе кажам дека без знаењето стекнато во Нарконон немаше да се снајдам воопшто.

„Бракот ми е подобар отколку што ми беше, комуникацијата со брачниот партнер подобра; да не набројувам многу доволно е да кажам дека имам многу подобар живот и успешно се справувам

Бракот ми е подобар отколку што ми беше, комуникацијата со брачниот партнер подобра; да не набројувам многу доволно е да кажам дека имам многу подобар живот и успешно се справувам. Не велам дека секогаш е лесно ама Нарконон ми ги даде потребните алатки за брзо да се вратам на правиот пат и да продолжам со нови победи. Ви благодарам Нарконон Балкан!

Сопруга на Дипломец на Нарконон Балкан – Е.Ј.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА