Со Истрајност и Намера до Ослободување од дроги

Човекот седи крај морето
Image: splendens / iStock by Getty Images
 

Денес осетив колку е добро да се биде истраен во тоа што го правам. Порано воопшто не бев истраен и брзо се откажував уште на првата препрека. Работејќи ги вежбите осетив дека полека се откажувам и тоа го споделив со мојот супервизор. После тоа сфатив дека мора да се изборам за да постигнам било што и дека јас сум вистински спремен да истраам, да ја надминам секоја потешкотија и да продолжам понатаму со тоа што го правам.

Ова е навистина голема победа за мене бидејќи не се откажав се додека не ја завршив вежбата, без разлика на сите препреки.


Со оваа вежба сфатив и научив што е намера без резервираност. Тоа што сакам да го правам и да се случи, сигурно да се случи. Кога почнав да ја работам вежбата бев со целосна намера и ми одеше одлично. Во некои делови имав потешкотии, но не дозволив мојата намера да исчезне.

„Мене ова ми значи затоа што се трудам да бидам ослободен од дроги, со помош на вежбите сигурен сум дека така и ќе биде.“

Сфатив дека тоа што го правам и сакам да се случи, сигурно ќе се случи. Можеби во некои моменти нема да биде лесно и ќе биде потребна упорност и истрајност, но знам дека секој труд дава резултат. Мене ова ми значи затоа што се трудам да бидам ослободен од дроги, со помош на вежбите сигурен сум дека така и ќе биде.

Студент на Нарконон Балкан - Ф.В.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА