На вистинско место во вистинско време правам вистински нешта

Од Вежбите за обука научив многу нешта и многу сум горд што секој ден учам нови нешта и можам да ги употребувам во секојдневниот живот.

Уште од првата вежба биди таму се преродив. Кога ја изработив започнав да се чувствувавм многу удобно и свесно за тоа каде сум и што се случува во мојата околина. Тоа е всушност едно од најбитните нешта, да се биде присутен и свесен за тоа што се случува околу нас. Од вежбата соочување стекнав способност да ги восприемам лицата такви кави што се, да ги прифатам и да ги соочам. Тоа ќе ми служи понатаму во животот, да ги соочувам луѓето и ситуациите во мојата околина без да ги избегнувам како што правев претходно во животот.

Кога почнав да ги работам комуникациските вежби забележав дека мојата комуникација е на ниско ниво т.е. дека сум ја изгубил попатно земајќи ги дрогите. Но, благодарение на тоа каде сум сега и на мојата цел успеав да ја донесам комуникацијата на повисоко ниво. Многу сум задоволен од тоа што го постигнав и научив. Научив што се тоа оригинации и зошто е важно да бидат справени, научив што е тоа репетитивно прашање и колкава е важноста на потврдите.

Од вежбите поврзани со контрола научив како да контролирам нечие тело, да направам старт, промена и стоп. Така да ако сретнам некое постаро лице или некое лице под дејство на алкохол, способен сум да му помогнам. Друга вежба која што ме направи посилен е истрајноста. Разбирам дека не е се мед и млеко во животот па така некогоаш е потребно да бидам истраен во постигнувањето на моите цели. Без откажување да поминам низ сите потешнотии и препреки. Порано многу брзо се откажував и губев волја кога не бев способен да постигнам нешто, но сега тоа го променив и сум многу горд на себе.

Крајот на сите овие вежби е вежбата намера без резервираност т.е. да бидеш сигурен во тоа што го мислиш или сакаш да се случи дека сигурно ќе се случи па така вежбајќи увидов дека стекнав намера без резервираност во тоа што го правам и во тоа што сакам да помогнам и на друг. Сигурен сум дека сум на вистинско место во вистинско време и ги правам вистинските нешта.

Студент на Нарконон Балкан - Ф.В.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА