Алкохолот - Уништувачот на мозокот и нервниот систем

Brain and alcohol

Етанолот, хемиската состојка што ја има во повеќето алкохолни пијалаци, е невротоксин — т.е., супстанција што може да го оштети или да го уништи нервниот систем. Еден пијан човек, всушност, доживува еден облик на труење. Кога ќе се прими во големи количини, етанолот предизвикува кома и смрт. На пример, меѓу студентите во Јапонија, од обичајот икиноми, или пиење на екс, секоја година умираат по неколку студенти. Телото има способност да го претвора етанолот во безопасни супстанции, но тоа не се случува веднаш. Ако алкохолот се пие побрзо отколку што телото може да го преработи, етанолот се таложи во телото и почнува забележително да влијае врз работата на мозокот. Како?

Говорот, видот, координацијата, мислењето и однесувањето се поврзани меѓу себе со низа крајно сложени хемиски реакции во невроните, или основните клетки во мозокот. Присуството на етанол ги менува тие реакции, спречувајќи ја или забрзувајќи ја функцијата на извесни неуротрансмитери — хемиски супстанции што пренесуваат сигнали од еден до друг неврон. На тој начин, се менува протокот на информации во мозокот поради што тој не може да функционира нормално. Затоа, кога некој ќе испие премногу, почнува да му се плетка јазикот, да му се мати видот, се тетерави и не може да си го контролира однесувањето — сиве овие се вообичаени симптоми на пијанство.

Кога долго време е изложена на алкохол, хемијата на мозокот се приспособува за да се спротивстави на отровното влијание на етанолот и да продолжи нормално да функционира. Ова доведува до резистентност, поради што сега истата количина алкохол има помало влијание отколку што имала порано. До зависност доаѓа кога мозокот толку многу ќе се приспособи на присуството на алкохол што повеќе не може да функционира без него. Телото копнее по алкохол за да ја одржи хемиската рамнотежа. Кога на еден човек ќе му се ускрати алкохолот, хемијата во неговиот мозок е целосно дестабилизирана и почнуваат да се појавуваат симптомите на апстиненција, како што се вознемиреност, треперење, па дури и напади.

Man drinking

Ефекти од употербата на алкохолот

Во продолжение ќе ги опишеме и претставиме ефектите кои настануваат од употребата на алкохолот. Постојат следниве два ефекти од употербата на алкохолот и тоа: краткорочниот ефект или опивање и долгорочниот ефект или зависност од алкохол.

Краткорочен ефект

Моменталните ефекти од алкохолот се во зависност од количината внесена во крвта и од тоа колкаво искуство има личноста со пиењето.

  • Повеќе алкохол во крвта дава поголемо чувство на опуштеност кај лицата што пијат и тие стануваат позборливи.
  • Тие стануваат се помалку свесни за своите постапки и чувството за проценување се намалува.
  • Губење на координација и дремка исто така се честа појава.
  • Ризикот за случување несреќен настан е зголемен, специално за оние кои работат со разни машини или возат моторни возила.
  • Ризикот за собраќајна несрека е дупло поголем кај лице со 0,05 алкохол во крвта него кај лице со нула промили алкохол.

Долгорочни ефекти

Овие долгорочни ефекти можат да се однесуваат на следниве ситуации: толеранција кон алкохолот што претставува способност прогресивно да се пијат се поголеми количества на алкохол без видливо опијанување, повлеченост која се манифестира како вознемиреност, немир, збунетост, тресење, потење итн., кои обично се појавуваат при нагло запирање на косумирање алкохол, несоодветна желба за повеќе алкохол т.е. посакување и продолжување со пиење и покрај непожелните последици, медицински заболувања на црниот дроб (џигерот) или запаление и таложење маснотии на црниот дроб, ова може да доведе до откажување на црниот дроб и цироза, болки на стомакот и цревата, овие болки може да се однесуваат на сварувањето на храната што се должи на воспаление на хранопроводникот (reflux) или желудникот (gastritis), дијареа, воспаление на панкреасот кое доведува до болки во стомачниот предел и неспособност да се апсорбира храната, рак на црниот дроб, хранопроводникот или цревата, оштетување на мозокот или губење на памтењето и тешкотии при учењето (dementia) бедна координација и слабо чувство за баланс, други невролошки заболувања како што е оштетување на нервите, кое доведува до трнење на нозете и тешкотии при одењето, заболување на срцето и крвните садови, нерегуларно функционирање на срцето. Доведува до тешкотии при земањето здив и отекување на зглобовите, ненормално отчукување на срцето (Palpitations), висок крвен притисок, сексуални и репродуктивни нарушувања кои може да бидат оштетувања на репродуктивните органи кое може да доведе до неплодност, повреди на нероденото бебе за време на бременоста, нарушување на коските и зглобовите т.е. коскоболка (отекување на зглобовите пропратено со големи болки типично за големиот прст на ногата), остеопороза - ослабување на коските кое може да доведе до нивни фрактури (кршење на коските), несреќи како што се повреди на главата, крварења околу мозокот, неправилната исхрана и дебелеењето, психолошки нарушувања или несоница, тешкотии при заспивање немир и возбудување, депресија и немоќ да се излезе на крај со неа, збунетост и напади на паника, така наречени “црни дупки” во памтењето, самоубиство, домашни проблеми од типот на губење на пријателите, тешкотии во бракот или други значајни релации, разделување и развод на бракот, запоставување на децата, професионални проблеми како што се доцнење или неодење на работа, ненапредување или неунапредување на работното место, финансиски проблеми или губење на регуларните приходи од работното место.


Извор:

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА