Кулата за прв пат не е од карти

Секој од нас барем еднаш во животот изградил, направил кула од карти или пирамида, наречете ја како сакате. Кула како кула, дувни, тресни, мрдни и таа паѓа. Паѓа и остава хаос позади себе. Картите стојат расфрлани насекаде во хаотична состојба, нестабилни, а кулата веќе ја нема. И пак склопувај ја, прави ја, не диши, не мрдај, пак убавата кула ќе се направи. Вистински е убава, но ако мрднам малку ќе се сруши и пак хаос ќе се направи и пак одново ќе треба да се прави, да се склопува однови и одново. Првото најмало ветре ќе ја сруши и целата убавина ќе се претвори во хаос. Едно единствено кивнување и отиде кулата, пак ќе се сруши. Е таков беше мојот живот, градење „кули” и „хаос”.

Гледам дека не оди повеќе на тој начин и сфаќам дека сам не можам да си помогнам, само хаос оставам позади себе. Кулата цело време се руши, едноставно ми треба помош од некои поискусни од мене, стручни лица за градби – метафорично кажано. Тие стручни лица ги прнајдов во Нарконон Балкан. Тука за прв пат кулата не е од карти, наместо нив има темел од бетон и железо и не е веќе кула туку тоа е темел за облакодер висок до небо, а небото е граница. Темелите се поставени и изградбата е во тек. Ви благодарам.

Продолжувам понатака да ви објаснам на што се должи оваа кардинална промена, односно чекор поблиску до Нов Живот. Таа промена моја, ја овозможи програмата за Детоксикација - Нов Живот. Тоа чувство на виталност, енергичност, бистрост и среќа не се опишува. Со самото трчање оцврстив и физички и ментално. Со самото потење во сауна ги извадив отровите од моето тело и ја обновив кожата која сега е мека и мазна како свила, исчезнаа сите мозолки и доби сјај, не е веќе бледа и сува.

При самиот процес на детоксикацијата ми се врати желбата да спортувам, станав не наситен на било каков спорт, кошарка, фудбал, пинг-понг, одбојка и никако да се осетам уморен. Можам да трчам, да скокам и се осеќам како тинејџер, витален и бистар. Целиот замор и целата депресија од претходно исчезнаа. Се чувствувам лесен како пердув, импулсивноста и нервозата исто така исчезнаа. Порано прво дејствував па после размислував, сега е обратно. Главоболките конечно исчезнаа. Некако ми се враќаат чувствата, задоволствата, емоциите и мирот. Можам да ви пишувам цел ден и и цела ноќ, но најдобро ќе ме разберат тие што веќе поминале низ овај процес. Мене лично ми делува како магија, се преродив буквално и сум многу благодарен што сум дел од овај прцес со оваа екипа.

„Ова за мене беше животно искуство кое го рачунам еднакво со блажество. Една изгубена душа си го најде својот пат..”

Секако за мене процесот не беше лесен, повеќе од 15 години труење со секакви супстанции, се уклучуваа разни манифестации и искусував разни сензации. Самиот процес ме научи да не се откажувам, да верувам во себе и дојде денот кога го осетив крајниот резултат од процесот на детоксикацијата. Повитален не сум се осеќал никогаш. Ова за мене беше животно искуство кое го рачунам еднакво со блажество. Една изгубена душа си го најде својот пат и се враќа полека во колосек. Благодарност до Нарконон Балкан.

Студент на Нарконон Балкан—Н.Н.,

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА