Детоксикација

На почетокот на делот со детоксикацијата мојата физичка, емоционална и ментална состојба беше доста променлива. Имав променливо расположение, спиев но сепак се будев изморен и многу недостаток на енергија се само некои од промените кои ми се случуваа. Имав доста потешкотии кои со помошта и грижата од персоналот успеав да ги надминам. Како што напредував низ процесот осетив како ми се подобрува метаболизмот и биоритамот, енергијата ми се зголемуваше со секој нареден ден. Мојата емоционална и ментална состојба се искачи на високо ниво!
Последните денови почнав вистински да чувствувам дека моето тело конечно беше чисто од токсини и отрови кои сум ги внесувал години наназад. Се осетив многу удобно, како мојот живот штотуку да започна, сигурен и спремен за сите предизвици кои следуваат понатаму на програмата.
Мојот живот се менува кон доброоо! Голема благодарност до персоналот на Нарконон кои несебично помагаат на личности како мене!
Г.И. Студент во Нарконон Балкан