Чиста совест

Narconon Balkan
(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)
 

Низ чекорите на Нарконон програмот ја кренав мојата самодоверба на високо ниво а со неа се подигна и мојата свест. Во некои моменти ми беше тешко но преку интензитет и напор јас совладав многу работи па сега со сигурност можам да кажам дека станувам една стабилна личност. Во моите битки секогаш издвојував победа, без проблем можев да видам кога сум на правиот пат а кога на кривиот. Во текот на објективните вежби си ги видов моите грешки од минатото но и најдов решение за истите. Сфатив дека човек станува посилна личност кога учи од своите грешки. Ја насочив мојата намера кон добрите нешта, ја подобрив мојата комуникација и сега знам да ја контролирам истата, знам како да ги контролирам моите емоции и научив дека се се сведува на нив.

„Расеаноста, лагата, себичноста и алчноста ги заменив со чесност, солидарност и благодарност, сега насмевка го краси моето лице.“

Моето трпение е на високо ниво, мојот простор е мој простор и јас ја креирам хармонична средина во него, имам идеи и се впуштам во акции, ги рушам сите умствени бариери па лесно стигнувам до бенефитот од истите. Почнав лесно да прифаќам совет и да работам на мое добро, сега правам мали чекори и со нив ја хранам мојата храброст кон големи достигнувања. Расеаноста, лагата, себичноста и алчноста ги заменив со чесност, солидарност и благодарност, сега насмевка го краси моето лице. Станав добар човек кој што знае што сака, продуктивен живот исполнет со присутност и чиста совест е мојот пат.

М.Л. студент на Нарконон програмата


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА