Доста е деструкција!

Narconon Balkan
(Слика од shapecharge/iStockPhoto.com)
 

На овој прекрасен ден одлучив несебично да ги споделам моите успеси со сите вас од моите досегашни достигнувања на вежбите кои ги правев #објективи. Морам најпрво да признаам дека се чуствувам како да се ослободив од лошото минато и лошите мисли кои ме прогонуваа многу време. Спосебен сум сега да ги контролирам моите акции во сегашно време, со тоа сум ориентиран во просторот и местото каде се наоѓам и која е мојата улога во таа околина. Почнав да распознавам што е добро, што е лошо, да ги вреднувам работите околу мене, моите и на другите, и несебично можам да помагам за подобар опстанок за мене и другите околу мене. Можам да воосприемам комуникација која претходно само ја слушав, се будам одморен и наспан и со мисла како тој ден да го направам подобар за мене и моето опкружување. можам да направам правилен избор, да донесам правилна одлука за Животот во прав момент, да стопирам некоја лоша идеа мисла одлука и да направам нештата да бидат подобри. Не значи дека не сум задоволен од себе но, знам дека можам повеќе од она што сега го правам. Сватив дека со лагата и манипулацијата неможам да стигнам до никаде, не многу далеку во суштина.

„Ми се вратија чуствата и емоциите, си го сакам моето семејство и ја почитувам мојата фамилија и сум им многу благодарен што ми дадоа уште една шанса за живот.“

Ми се вратија чуствата и емоциите, си го сакам моето семејство и ја почитувам мојата фамилија и сум им многу благодарен што ми дадоа уште една шанса за живот.

Ми се смениа некои гледишта за кои сум мислел дека е тоа така и така мора да остане. Свесно и стабилно сега чекорам и се борам со овој модерен глобален проблем- зависноста. Сум бил зависник, сум бил и DRUG FREE но одговорно тврдам дека од слободата, без дроги, нема по драгоцено нешто.

Можеш да имаш се, но кога си зависник не можиш да ги искусиш убавините на животот. Ми се роди син пред година време, неможев да го почуствувам, а толку многу сакав, зошто живеев во постојана магла-на дрога.

Благодарение на Нарконон Балкан и Л.Р.Хабард, мојот близнак на вежбите еве ме денес повторно застанат на нозе ослободен од минатото и концентриран на сегашноста и размислувам за иднината! Имам уште победи и успеси и знам дека ќе имам уште повеќе. Ќе ги споделувам со вас редовно затоа што е прекрасно чуството кога се споделуваат конструктивни работи. Доста е од деструкција! За мојата сопруга и мојот син ВЕ САКАМ!

Г.З., студент на Нарконон Програмата


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА