Враќање на правиот пат

Се вратив на правиот пат, на личноста која бев предходно и многу сум среќен за тоа. Ми требаше долго време да сватам работи за себе, за моите способности кои беа потиснати од конзумирањето на дрога. Со правењето на објективните вежби сега сум во многу подобра комуникација со околината и со се она што ме опкружува. Знам како треба правилно да се грижам и да го негувам се она што ми треба, но знам и како да го одстранам она што не ми треба, и она што ме враќа назад кон минатото. Само позитивна идеа и конструктивни луѓе ми требаат до мене за да продолжам да живеам среќен и исполнет живот.
„Само позитивна идеа и конструктивни луѓе ми требаат до мене за да продолжам да живеам среќен и исполнет живот.“
Знам дека ме чека долг пат, но сум пресреќен за сите моите досегашни успеси. Продолжувам напред со мојата фамилија и луѓето кои ги почитувам и сакам. Благодарен сум до сите вработени во Нарконон Балкан кои ми покажаа дека има и друг начин на живот и беа моја подршка во сите мои тешките моменти.
В.Б. студент на Нарконон програмата