Дрогата и моето лошо однесување

Womanена што стои на зајдисонце.
За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

Секој човек е во основа добар и го посакува најдоброто за себе и за другите. Јас бев таква личност, но штетните постапки и неискреното однесување на другите ме донесоа до степен да мислам зошто јас да не бидам личност која си гледа само за себе и ги задоволува своите лични потреби без да мисли на другите. На тој начин мислев дека нема да има простор друг да ме повреди. Знаев дека таа промена не беше коректна и дека со сила се правам нешто што не сум, и затоа почнав да земам дрога за да ги потиснувам тие чувства.

Со земањето на дрога едноставно си поставив ѕид помеѓу моето однесување и тоа што знаев дека не е во ред. На тој начин продолжив да не се земам во предвид дали на другите му причинувам да се осеќаат непријатно или дали му нанесувам штета. На овај начин според мене не му дозволував на никој да ме повреди, а дали јас повредував друг не ми беше важно, поради тоа што го открив начинот како да бидам себична и да немам грижа на совест во врска со тоа.

Престанав да ги почитувам членовите од мојата фамилија, пријателите и останатите луѓе во општеството а и го запоставив физичкиот универзум. Едноставно постанав од личност што одеше низ планина и ги собираше отпадоците од другите до личност која ги фрла отпадоците низ прозорот од автомобилот. Преку дрогата се тешев дека поради тоа што има многу штетници во светот полесно ќе биде да им се придружам нив отколку да се борам против неправдата.

„Денес се однесувам достојно поради тоа што гледам дека тоа однесување ми остава многу убави спомени, ме исполнува, ги прави луѓето околу мене среќни и на тој начин ништо не губам.“

За време на Програмата на Нарконон сум опкружена со луѓе што од срце се борат против неправдите во однесувањето на секој човек. Ми дадоа пример дека иако е многу полесно да тргниш по пократкиот пат до твојата цел, многу повеќе придобивки и победи стекнуваш ако напорно работиш, веруваш во своите способности и ги правиш работите на начин кој е најдобар за опстанокот на сите. Сега гледам колку многу време изгубив живеејки во илузијата дека ако сум себична никој и ништо неможе да ме повреди кога всушност на тој начин најмногу се повредував самата себеси а и тие околу мене. Изгубив многу време со тоа однесување.

Денес се однесувам достојно поради тоа што гледам дека тоа однесување ми остава многу убави спомени, ме исполнува, ги прави луѓето околу мене среќни и на тој начин ништо не губам.

Студентнт во Нарконон Балкан – Т.Ж.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА