Дрогата ми давала само лажни емоции

Кога дојдов во Нарконон Балкан бев збунет и немав волја за ништо. Додека бев во делот за Одвикнување без употреба на дроги, се борев со потешкотии но лесно ги надминав. Со правење на масажи, вежби, прошетки и пиењето на витамини и минерали. Потоа кога завршив со делот за Одвикнување, почнав со програмата за Детоксикација Нов Живот. Поминував низ секакви промени во расположението, затоа што ми се чистеше телото од ОТРОВИТЕ и ТОКСИНИТЕ што сум ги имал во телото.

Narconon Balkan
Слика од www.pexels.com

Но кога ја завршив Програмата за Детоксикација се осетив по ведар, расположен, енергичен. Ми беше вратена енергијата со витамините што ги примав и ми се надоместија недостатоците што ги имав согорено од дрогата што сум ја земал. Потоа почнав со Објективните Вежби, дојдов во сегашно време и дознав многу работи за мојот живот - Сознанија за мојот живот. Потоа почнав со другите курсеви и научив со какви луѓе да се дружам и кои ми се потребни во мојот живот. Си ги открив грешките и дознав зошто сум почнал да земам дрога и за тоа имало причина, не било од залудност или од што сум немал што да правам.

Пак сум почнал да земам дрога затоа што сум имал проблем што не сум го справил и сум почнал да тонам и тонам.

Но тој проблем го увидов, решив и понатаму во животот нема да се повтори тоа што се случувало во минатото во мојот живот. Понатаму знам како да го живеам животот без дрога, да си бидам среден, весел и да можам да просперирам во мојот живот и без дрога. Дрогата ми давала само лажни емоции. Сега понатаму во животот ќе можам да се справувам со секаков проблем и ќе го решавам на време со помош на алатките што ми ги има дадено Програмата на НАРКОНОН.

Ј.Н.—Студент на Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА