Две години подоцна - Затоа што Животот е Преубав!

Успешен успех на нарконовиот Балкан, зависноста од алкохол е решена
(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

Пред скоро две години ја завршив програмата за рехабилитација од зависност од алкохол во Нарконон Балкан. Се разбира дека со вас ќе ги споделам сите убави нешта кои што следат после добиената битка со зависноста. Но, прво би се опишал себе си пред да ја започнам рехабилитацијата во Конопиште.

Кога ја започнав програмата пред околу две и пол години не можев ниту еден ден да го замислам без алкохол. Се будев со помислата на алкохол. Одев на работа со шише во торбата. Ми беше придружник кога времето го поминував со синот. И се разбира заспивав пијан. Тешко е на некој кој што не бил зависник да му го објасните поривот што постојано го чувствувате. Тој непобедлив нагон. И тоа до таа мера што дури, и на крајно нездраворазумен начин, ми беше чудно како е можно другите да не пијат постојано. Ми се чинеше дека зависноста никогаш нема да прекине. Едноставно не гледав начин како тоа да се направи. Како тоа воопшто би било возможно.

Требаше да ме достигнат многу лоши животни искуства за да се решам да ставам крај на зависноста. Програмата за рехабилитација во Нарконон, не само што го решава вашиот проблем во периодот кога сте таму, туку и ве подготвува, и тоа неописливо добро, за животот потоа. Како да се справувате со предизвиците, да не паднете повторно во истата замка кога ќе се јават нагоните за алкохолот. Сега веќе тие нагони кај мене не постојат. Мојата свесност за мене и за мојот живот се на толку високо ниво, што нагоните за пиење се историја. Имам потполно поинаков поглед на Светот кој ме опкружува.

Сега, 2 години по завршувањето на програмата, моето здравје, физичко, ментално, емотивно, се на највисоко ниво од било кој момент во последните 20 – 25 години. Изгледам помлад и посвеж. Гнасниот пивски стомак е работа на минатото. Крвниот притисок, шеќерите и маснотиите во крвта се во нормала. Дури и црниот дроб, органот кој најмногу страда од алкохолот, ми е целосно регенериран. Кога на тоа ќе се додаде насмевката на лицето и сјајот во очите, кои што се секојдневна појава кај мене, добивате човек кој не е само физички здрав, туку и изгледа така.

„Звучи како клише, но понекогаш се случува и да добијам прашање од типот „Како е можно толку мирно да спиеш?“ или „Како е можно да си секогаш позитивен и добар?“. Луѓето тоа го објаснуваат со „Сигурно немаш проблеми.“ или „Веројатно ништо не те мачи.“. Вистината е дека имам предизвици. Имам проблеми. Но, програмата во Нарконон ме научи како да се справувам со нив.“

Звучи како клише, но понекогаш се случува и да добијам прашање од типот „Како е можно толку мирно да спиеш?“ или „Како е можно да си секогаш позитивен и добар?“. Луѓето тоа го објаснуваат со „Сигурно немаш проблеми.“ или „Веројатно ништо не те мачи.“. Вистината е дека имам предизвици. Имам проблеми. Но, програмата во Нарконон ме научи како да се справувам со нив. Како да не ги „земам при срце“. Како да ги разликувам добрите од лошите луѓе за мене.

Моето најголемо богатство, мојот син, веројатно беше најголемиот мотив во борбата со зависноста. Сега сум многу повеќе присутен во неговиот живот. Му помагам да ги помине предизвиците во неговиот детски живот. Имам разбирање за работите кои што му тежат. Нашата комуникација и мојот однос со него никогаш не биле на повисоко ниво. Љубовта кон детето е вродена, но мојата љубов кон мојот син сега во потполност ја разбирам.

Односот со мајка ми е на ниво на кое не бил никогаш порано. Кај еден зависник родителот е тој што најмногу страда ментално. Тоа го знам. Затоа и изградив комуникација со мојот родител која е полна со љубов, разбирање и почитување. Браќата, се едноставно речено повторно присутни во мојот живот. Со нив сум зближен, наспроти претходното оттуѓување.

Обновив стари пријателства. Најголем дел од моите пријатели не знаеја дека сум на рехабилитација. Но, сите без исклучок ја прифатија мојата одлука да не пијам. Оттаму знам дека тоа се вистинските пријатели.

Едно од оправдувањата кои некои луѓе си ги креираат како не би ја започнале програмата е самата должина на програмата. Како тоа да бидат отсутни од работата 4-5 месеци. Би сакал да ги споделам моите успеси и на тоа поле. Моите приходи сега се двапати (буквално и без преувеличување) повисоки од тоа што беа пред да ја започнам програмата. На работното место сум поефикасен, подобро комуницирам со моите клиенти и со колегите. Лесно ги примам „лошите вести“. Мојот пристап и ведрина имаат донесено и неколку важни клиенти.

Во овие 2 години низ мојот живот поминаа и многу добри луѓе. Некои беа толку… прекрасни! Со огромен просветлувачки ефект. Дали овие луѓе ќе ги запознаев доколку останев зависник? Не! Дали тие ќе ме запознаеа? Подобро не!

Сите овие успеси немаше да бидат возможни без фантастичните луѓе од Нарконон Балкан. Тие ми станаа многу блиски пријатели, со кои се уште сум во постојан контакт. Тука се за мене кога и да имам потреба да споделам некој успех или да поразговарам за некој предизвик. Конопиште стана место во кое што многу често доаѓам да се видам со нив и да поминам убаво време со прекрасни луѓе.

2 години по крајот на програмата за рехабилитација не сум повеќе личност заглавена во секојдневниот порив за алкохол. Сега сум среќна личност, која гради грандиозни планови за иднината, а наоѓа задоволство во секој мал момент. Личност која ужива и наоѓа среќа во секој мал дел од она што го нарекуваме живот.

Затоа што животот е преубав!

Дипломец на Нарконон Програмата – Н.Р.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА