Едно прекрасно „патување“

Повеќе од 7 години имав проблем со зависноста од алкохол. На неколку пати успевав да апстинирам од алкохолот на подолг период, од неколку недели, па и подолго од еден месец, но секогаш се враќав назад во замката на зависноста. Дојдов во Нарконон во исклучително лоша состојба. Физички бев подуен и црвен во лицето. Телесната тежина ми беше покачена, многу често се потев и при најмала физичка активност и немав кондиција. Постојано бев нервозен и често избувнував. Многу ретко се радував на убавите работи кои што ми се случуваат. Направив голема штета на кохезијата на моето семејство, и бев на лош пат да го уништам сето она што професионално го имав изградено во годините наназад.

счастливая пара
(Слика од Africa Studio/Shutterstock.com)

Ефектите од програмата на Нарконон ги почувствував уште од самиот почеток. За време на програмата за Детоксификација, почувствував и забележав огромни промени. Кожата ми стана посветла, подуеноста исчезна, и ми се врати сјајот во очите. Не можев да се препознаам пред огледало. Ми се вратија способностите кои што ги имав изгубено. Станав многу потрпелив, и не избувнував. Бесот и нервозата целосно ги ставив под контрола. Од друга страна се „вратив“ во реалноста и работите кои ме окружуваат. Не се затварав во себе и не размислував за работите што биле, како сум постапувал и како постапувале кон мене. Не ги наоѓав виновниците за мојата претходна состојба на зависник.

Едноставно бев среќен во околината во која се наоѓав. Здравата и редовна исхрана, полна со витамини и минерали, ги засили сите позитивни ефекти од сауната. Повеќе не чувствував главоболки и вртоглавици. Скоро и да не ми беше замисливо дека главоболката може да помине без лекарства.

Преку структурираните вежби успеав своите способности за комуникација да ги однесам на повисоко ниво од претходното. Преку вежбањето научив како да останам во смирена состојба кога сум во незгодни ситуации и како да ги дослушувам луѓето. Овие способности се важни, не само за зависниците од алкохол и дроги, туку и за било која друга личност.

Своите ментални способности ги вратив и ги надградив во делот на таканаречените Објективи. Придобивките беа фантастични. Почнав подобро да се наоѓам во околината која ме окружува. Дознав работи кои што се однесуваа на мене, на моите грешки од минатото, како и на добрите работи кои ми се случувале, а за кои не сум бил свесен. Мојата свесност се покачуваше секој ден.

Со завршувањето на менталната и физичката рехабилитација од континуираното консумирање на алкохолот, сите мои способности беа вратени, па дури и однесени на повисоко ниво. Се чувствував среќен и исполнет. Но тука не беше крајот. Дојде делот во кој што ги изучував работите кои што ме имаат доведено до состојбата на зависност, со основна цел да повторно никогаш не паднам во истата замка, но и да ме однесе на повисоко ниво во сите аспекти од животот во однос на претходно.

Успеав да научам зошто одредени лица, кои се провлекувале во мојот живот ме подигнувале нагоре, но и зошто други ме влечеле надоле. Сѐ беше толку логично. Ги идентификував луѓето од мојот живот кои треба да бидат во моја близина, но уште побитно се стекнав со способност да ги идентификувам луѓето кои не би требало да бидат во моја близина, како и тоа на кој начин да ги препознавам таквите луѓе во иднина.

Погледнав наназад во мојот живот од аспект на тоа што било исправно, а што било погрешно. Пронајдов ситуации за кои не сум ни бил свесен дека предизвикале толку голема штета по мојата среќа. Утврдив што е тоа што сум го направил погрешно и осознав како повеќе да не ги правам тие грешки. Се прочистив од духовите од минатото, кои не ми давале да одам напред. Полека мојата свесност се подигнуваше и бев среќен, но и апсолутно смирен, бидејќи повеќе не ни стануваше збор дали зависноста во иднината ќе ме победи. Знам дека тоа нема да се случи. Моите мисли се масочија кон тоа како да го искористам наученото од моите грешки, да имам поквалитетен, среќен живот.

семејство
На крај беа и плановите за иднината. Како полека да се искачувам во подобра состојба на секој одделен аспект од мојот живот, вклучувајќи го моето физичко и ментално здравје, моето семејство, мојата позиција на работата и во друштвото, како и мојата состојбата во општеството земено во целост.

Сѐ на сѐ, едно прекрасно „патување“, кое од мене направи подобар човек ослободен од алкохолот. Личност која ќе биде корисна за сите во мојата околина, активна на сите полиња од мојот живот и член кој што придонесува во општеството. Личност која останатите со гордост ќе ја нарекуваат татко, син, брат, роднина, пријател и колега.

Н.М.—Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА