Големи Победи и Подобрувања

 Нарконон Балкан Победи и подобрувања Narconon Narkonon Balkan Pobedi i podobruvanja programa
(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)
„Програмата на Нарконон е единственото нешто што постои за една личност да се справи со најголемото зло на денешницата – дрогата и тоа го осетив на своја кожа.“

Пред да дојдам во Нарконон Балкан во мене не постоеше никаква желба за живот, се чувствував уморен и немав волја за ништо. Секој ден го поминував под дејство на наркотици и бев тотално надвор од реалноста, програмата беше мојата последна шанса да се спасам од наркотиците и штетните последици со кои секојдневно се соочував. Програмата на Нарконон е единственото нешто што постои за една личност да се справи со најголемото зло на денешницата – дрогата и тоа го осетив на своја кожа. Едноставно сум презадоволен, но исто така и благодарен на г-дин Л. Рон Хабард за неговото откритие кое што спасило илјадници животи од канџите на дрогата.

Првите денови во центарот ги поминав во делот за Oдвикнување од дроги каде што ги правев специјалните масажи – асисти кои дефинитивно ми помогнаа со физичките потешкотии и благодарение на нив можев убаво да се наспијам, бидејќи претходно имав проблеми со спиењето. Кога го завршив тој чекор веднаш започнав со програмата за Детоксикацијата – Нов Живот каде што ги ивадив сите отрови од телото и навистина се почувствував како нов човек, како никогаш да не сум земал дроги. Победите и подобрувањата кои ги осетив од сауната беа навистина големи, боите околу мене ги гледав поживо, ми се врати силата и најважно успеав да го проминам начинот на размислување.

Моментално сум на чекорот Објективи каде што се прават вежби за подобрување на менталното здравје. Иако сум само две недели на овој чекор, умствено се чувствувам многу постабилен и разумен. Вештините кои ги стекнувам би ми осигурале живот без дрога во иднина.

Студент на Нарконон Балкан – М.А.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА