“Имам среќен живот исполнет со успеси“

Веќе неколку години сум личност ослободена од зависност – во мојот случај стануваше збор за хероинска зависност и зависнот од лекарства. Тоа веќе го нема во мојот живот. Моментално сум “зависен“ од успеси, постигнувања, остварување на моите цели.

Откако го прочистив моето тело со Програмата за Детоксикација, си го повратив сонот и мирното спиење без постојаните и чести будења во текот на ноќта. Секојдневните активности ги завршувам многу поенергично. Повеќе не ја одбегнувам комуникацијата со моите блиски личности и не одам со наведната глава.

Не ги одбегнувам повеќе фамилијарните средби, за што секогаш наоѓав различни изговори за да не присуствувам , мислев дека така мојата фамилија нема да ги открие моите “активности“што ги правев во текот на денот. Но, мојата фамилија знаеше и молчеше сето тоа време. Сакаа да ми помогнат, но не знаеа како.

Сега мојот живот се заснова на разрешување на секојдневните проблеми. Почнав да стекнувам лична сопственост која чесно си ја заработувам. Секојдневно се надоградувам во однос на едукацијата, читам разни книги и текстови кои ми помагаат да се справувам со животот. Не се кријам од луѓето и можам со интегритет да зборувам за моето минато искуство кое ми служи како лекција дека од секоја една бездна човек може да се извлече само доколку навистина го посакува тоа и верува во тоа што го работи.

Го соочив моето минато и моите лоши постапки. Не се вртам наназад повеќе, гледам напред и газам со цврсти чекори кон својата иднина.

Благодарение на Нарконон Програмата сега живеам среќен живот исполнет со радост и успех.

Р.Ј.- Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА