Многу Посигурен Во Себе
Се чувствувам фантастично и среќен , никојпат подобро во животот.Успеав да се ослободам од влијанието на дрогите врз мене и мојот живот и сакам со сите да го споделам ова мое искуство.

Во текот на Програмата за Детоксикација се сретнав со најразлични реакции - од чудни мириси, болки во синусите - но сега сето тоа е минато. Детоксикацијата ми ги поправи и подобри некои работи за кои мислев дека цел живот ќе ми траат. Сега сам се уверив дека сето тоа што ми се случувало било последици од дрогата и ова ме прави многу,многу среќен. Се уверив дека Програмата за ДЕТОКСИКАЦИЈА НАВИСТИНА ФУНКЦИОНИРА.
Ми исчезна стравот и паранојата, емоционално многу се средив, спиењето и сонот ми се подобрени, немам главоболки. Се чувствувам многу посилен, посигурен во себе.
Почнав да се радувам на мали нешта, на моето опкружување. Можам нормално и посталожено да функционирам во сегашно време и на тоа се радувам многу.
Конечно престанав да размислувам и да носам одлуки преку призмата на минатото.
Се чувствувам одлично и подготвен сум со чисто тело и бистар ум да продолжам со останатите чекори од Нарконон Програмата.
Narconon студент