“Јас, Свесен“

Колку лесно човек може да се прилагоди на сегашниот момент без да почувствува потешкотии а да нема потреба да направи големи промени на самиот себе.

Откако сум дојден во Нарконон Балкан приметив дека кога и да имам некоја манифестација, нешто што ќе ме потсети на некоја случка од минатото, ако сум присутен со мислите во тој момент, ако сум фокусиран на тоа што го работам не дозволувам таа манифестација или било каква мисла да ми пречат, сето тоа многу бргу исчезнува. И сето тоа ме прави многу среќен.
Самиот се уверив дека сум многу подобро ориентиран во околината, многу сум посвесен за самиот себе, за моето тело.
Сето ова секогаш ми изгледало како нешто нереално, нешто невозможно — ЈАС СВЕСЕН.
Вежбите после Детоксикацијата, кои се дел од Нарконон Програмата (сега се уверив дека се и многу важен дел), на почетокот ми изгледаа некако безначајни, ми беа губење на време - всушност многу ми помогнаа сам да си ги увидам грешките и тоа оние грешки коишто често ги повторував и коишто секојпат ме туркаа само надолу.
Никогаш сум немал доволна реалност за нештата, се се сведувало на мојата имагинација т.е. на замислените слики во мојата глава.
Како еден заклучок можам да го кажам следново: Нарконон ми помогна да излезам од темнината, да се уверам дека Животот може да биде Убав и без Дрога, без Лажење, без Манипулации.

В. Ѕ. - СТУДЕНТ НА НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА