Прекрасно е да си среќен

(Слика од Axel Bueckert/Shutterstock.com)

Се чувствувам прекрасно.

Толку сум среќна што незнам како да се изразам.

Срцето ми зрачи љубов во мене и во околината. Исполнета сум со светлина. Конечно се просветлив и иако ги научив најтешките лекции и ги поминав најбодликавите патишта успеав да стигнам до врвот.

Врвот е исполнет со драгоцени камења, толку е прекрасно тука.

Секое камче го претставува секој мој успех и секоја прекрасна емоција.

Со јасен видик ја барам вистината во реалниот свет, вистината за се, како и вистината за себе.

Во мојот досегашен пасивен живот, живот исполнет со лаги, манипулации никогаш не бев свесна дека најважните работи се среќата, љубовта, реалноста.

Силата која постои во мене конечно ја запознав.

Јас сум најсилниот воин и без разлика на видот на војната секогаш ке извојувам Победи.

Д.Л.СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as a Marketing and Promotions Manager at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА