Како Нарконон ми помогна да си го променам животот?

(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)
 

Пред да дојдам во Нарконон живеев во криминален свет исполнет со измами, омраза и неволји. Едноставно не можев да го видам доброто во луѓето и сите ги гледав како потенцијални мети за измама или пак личности од кои што треба да се пазам.

Дрогата ми ја имаше намалено свеста и способноста да носам здраворазумни одлуки до тој степен што штетата што ја предизвикував насекаде околу мене воопшто не ја восприемав. Не ми претставуваше никаков проблем да измамам, изманипулирам или да наведам некого на нешто погрешно со цел да го добијам тоа што сум го сакал. Имам направено многу работи со кои не се гордеам и токму тие ме довеле во Нарконон.

Во Нарконон станав чесен, искрен и после долго време задоволен со самиот себе. Помошта кон друга личност ме исполнува повеќе од која било дрога и сега сум способен да носам разумни одлуки од кои никој нема да има штета. Го оставив стариот живот зад себе и сум горд што сега сум граѓанин кој ќе може да помага и придонесува во сите области од животот.

Студент на Нарконон Балкан – И.А. 

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА