Како функционираат дрогите?

Колку и да е тешко да се соочи проблемот, последиците од злоупотреба на дроги се секогаш потешки од обидот да се најде решение за овај проблем, тоа е така затоа што дрогите ги одземаат сензациите и радостите кои се единствена причина за живот.
Зависниците имаат избор да бидат мртви со дроги или да бидат живи без нив.
Како делуваат дрогите врз умот?
Умот е всушност збир на ментални слики. Овие слики ја сочинуваат меморијата која е создадена за решавање на проблемите во животот.

Кога ќе помислите на нешто, добивате слика во умот. Овие ментални слики лесно можете да ги видите, затворете ги очите, помислете на мачка и умот ќе создаде слика од мачка. Вообичаено кога ќе се сетите на нешто, умот реагира брзо да ви долови ментални слики и информации за тоа нешто.
Дрогите знаат да ги заматат менталните слики и да ги направат нејасни, создавајки празни флеки (црни дупки). Кога ќе се обидете да добиете информации во овај маглив неред вие нема да успеете. Дрогите прават да се чувствувате бавни или глупави и да имате неуспеси во животот. Тие можат да ги изменат перцепциите на зависникот и тој да добие искривена слика за работите околу него. Како резултат може да се забележи дека однесувањето и дејствувањето на зависникот знае да биде многу чудно и ирационално, дури зависникот некогаш станува насилен.
И како што животот на зависникот се полни со неуспеси и станува потежок, тој сака уште повеќе дроги барајки решение во зголемените проблеми.