Колку лошо влијаат некои личности во нашиот живот?

Upset girl

Kурсот “Надминување на нестабилноста во животот“ ми помогна да сфатам колку лошо влијае некоја комуникација причинета од луѓето кои се околу нас. Исто така ме поттикна и да размислувам кои штети може да ги направат инвалидизациите и супресиите од родителите уште во самото детство, а тие да мислат дека прават уствари нешто добро за своето дете, а уствари не е така. Јас уште од 13-14 години почнав да експериментирам со козумацијата на дрога и алкохол. На почетокот се беше во умерени количини и не беше надвор од контрола. Односите со моите пријатели и семејство беа во најдобар ред. Обврските ги завршував добро и сите аспекти од мојот живот одеа супер…

Се додека не навлезе една личност во мојот живот која направи целосен пресврт кај мене и моето однесување. Од тогаш започна и мојата зависност да станува се посериозна. Почнав да ја зголемувам дозата на тромадолот од две апчиња на ден почнав да конзумирам десет, а потоа ги заменив со хероин… Потоа се беше поинаку… Односите со мојата фамилија и пријатели драстично се променија, повеќе не ги завршував обврските сто ги имав… Буквално секој аспект во мојот живот се урна.

Додека го изучував овој курс ми се случија многу промени. Почнав да имам нормални емоции кои претходно ги немав. Ми се случија и многу убави работи. Претходно се понашав како да сум на погреб, ми беше сеедно за се. Сега се чувствувам супер. Сфатив дека моето семејство и моите вистински пријатели иако околу седум години бев оттргната и се понашав многу лошо со нив ми простија и се понашаат како ништо и да не се случило претходно.

Сама сум крива за тоа што почнав да земам хероин, ама незнаејќи дека постојат овакви луѓе проблемите стануваат уште илјада пати поголеми.

O.A.—Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА