Како најчесто младите се залажуваат и влегуваат во стапицата од дрога

(слика од www.pexels.com)

Кога еден тинејџер почнува да излегува во “лудите години”, тој почнува да истражува, ако може така да се каже. Неговата експедиција скоро секогаш започнува со помислата дека забранетото е најслаткото, но тука е првата грешка и чекор поблиску до стапицата на дрогата и наркоманијата. Тогаш ги гледа личностите околу него кои се различни од неговото нормално опкружување, бидејќи за него во тој момент нормалните луѓе се здодевни и веќе видени. Тој почнува да ги одбегнува нормалните личности и има силен интерес да дознае што прават оние други личности кои не се во нормалната група на луѓе.

Како пример за ова се посочувам себе си поради тоа што тоа е тоа што ми се случи на мене во моите “луди години“. Кафулињата почнав да ги менувам со клупитe, а клупите со себе носеа личности кои беа “предизвик” за мене. Тотално погрешно! Прво, ме влечеше тоа дека се постари од мене и мислев дека многу повеќе ги препознаваат работите од животот и дека со тоа јас исто така како нив ќе постанам поискусна за случувањата во животот.

Тотално се издвоив од родителите и постанав личност која се занимава само со дремење на клупите вооудушевувајќи се на малоумните муабети кои ги правеа пред мене. Тие некое време зборуваа за криминалот и наркотиците пред мене и поради мојата неедукација во моментот за тие работи, со кои никогаш се немав сретнато пред тоа, почнаа да ми изгледаат многу примамливи.

Почнав да пушам марихуана со нив, од многу мала количина преминав на тоа да не можам да станам од спиење ако не запалам. И со тоа постојано во тие кругови на луѓе , седев на клупи и пушев марихуана. Се осеќав како да се издвојувам , како да правам нешто што другите од мојата генерација не можат да го прават. Подоцна во истите кругови почнав да земам и потешки наркотици и постојано да бидам во издрогирана состојба. Толку беше, бев целосно фатена од стапицата на наркоманијата. А тој живот ми ги одзема убавините на тинејџерските години, или уште полошо замалку ќе ми го одземеше и целиот живот постепено. Со наркоманијата врзан дојде и криминалот преку кој со тие кругови се снабдувавме со наркотици. Додека трепнав повеќе не бев една тинејџерка, бев криминален наркоман.

(слика од www.pexels.com)

Сега кога се навраќам наназад сфаќам дека тоа што ме донесе во стапицата беше тоа да се издвојам од нормалните луѓе, но да се издовиш можеш и преку скроз други работи кои сеуште ќе те одржат во живот и прекрасно ќе се чувствуваш додека си дел од нормалната толпа луѓе, а и нема никаква потреба од тоа да не бидеш дел од нормалната толпа луѓе. Визијата за големи достигнувања не смее да се меша со наркоманскиот живот кој нималку не е интересен, баш поради тоа што е забранет не треба да се истражува во него. Кога еднаш ќе се започне експедиција низ тој свет тежок е патот кон вистинскиот пат до убавините на животот.

Затоа уживајте во животот каков што е и не барајте возбудувања во нештата кои ќе ви го дадат сосем спротивното. Човечкото битие е создадено да опстане, а не да се убива со дрогата!

И.К. — Студент во Нарконон Балкан.


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА