Конечно сум сигурен дека можам да живеам без дроги!

(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

Од почетокот на програмата до крајот беше авантура во која научив многу интересни работи, нови за мене, поврзани со мојот живот. Чекорот за Одвикнување ми покажа колку можам да бидам силен и издржлив кога наидував на потешкотии, физички а најмногу ментални и во овај дел од програмата увидов колкуе посилна е одлуката да постанам личност ослободена од дроги. Многу полесно можев да ги соочам и да ги надминам кризите кои што ги имав.

Детоксикацијата ме освежи и физички и ментално и повторно се засакав самиот себеси и се вратив во првобитната физичка состојба. Како му ги правев реформите на телото со витамини, трчање, потење и како ментално се подобрував така духот ми се накрена и ми се ослободи товарот и притисокот од наркотиците кои беа натрупани во моето тело. Сега можам да спијам, јадам, трчам, работам, да се едуцирам и да помагам без потешкотии, едноставно си ги надградив умот и телото и ме служат многу подобро.

Едукацискиот дел е преродување за секој зависник со лошо минато и во овој дел од програмата видов како минатото ми влијае во сегашноста и старите навики почнаја да се појавуваат па точно знаев кои се тие кога ќе се појавеа во мислите. Тука видов кој сум јас, како сум функционирал порано и како сум носел одлуки, а како ќе функционирам сега и во инднина.

„Како ги надминував тие стари навики така волјата се покачи а одлуката стана уште поцврста за да живеам живот без дроги и конечно оваа одлука можам да ја изустам без никакво колебање како претходно…“

Како ги надминував тие стари навики така волјата се покачи а одлуката стана уште поцврста за да живеам живот без дроги и конечно оваа одлука можам да ја изустам без никакво колебање како претходно, не сакав да кажам дека можам да живеам без наркотици бидејќи не бев сигурен во себе, ова ми е најголемата победа и мислам дека ова е целта на Нарконон програмата, како го пишувам ова сега, не мислам туку сум сигурен дека ова е продуктот на програмата од Л. Рон Хабард.

Човек да постане чесен, искрен, добронамерен, да си ги соочи своите проблеми без разлика дали се големи или мали, да си превземи одговорност за нив и да ги решава без разлика на нивната опасност и кога ќе се случи тоа, конечно човек ќе си осети подобрување на сите области во животот.

Дипломец на Нарконон Балкан - Н.М.
АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА