Од изгубена личност станав продуктивен член на општеството

Среќен човек
(Слика од muromcev_sw/Shutterstock.com)
 

Во текот на целиот програм во Нарконон Балкан имав многу големи лични победи. Се зацврстив физички и умствено. Од корен го променив квалитетот и начинот на живот. Заживеав во сегашно време и поставив многу цели за во иднина. Кога дојдов овде бев една личност која што беше физички и умствено уништена. Бев премногу изгубен во животот, незнаев кој се важните нешта и кои се моите цели. Немав никаков квалитет на комуникација и немав накаква смисла и амбиција за животот. По завршувањето на апстиненца успеав да се отрезнам и да се свестам. Почнав да се хранам редовно и почнав нормално да спијам. Ми се врати силата и енергијата кои ги загубив по патот на зависноста. Го исчистив телото од сите токсини кои сум ги внесол во текот на годините конзумирајќи алкохол. Се вратив во нормално функционирање и ми се смири треперењето на рацете кое го имав доста често. Научив како добро да комуницирам со луѓето. Научив како да се соочувам со луѓето и да имам истрајност. Научив како да се контролирам себеси и тоа што сакам да го кажам да може некој да ме разбере. Се вратив повторно во реалноста и сегашно време. Го отргнав моето заглавено внимание од минатото и нештата кои кои ме мачеле со години. 

„Целосно ми се промени погледот на животот
и концептот за него.“

Започнав да обрнувам внимание на нештата кои предходно воопшто не сум ги ни забележувал колку се важни за мене. Ги рехабилитирав моите изгубени способности. Осознов многу битни работи за мене и луѓето кои се во мојот живот. Целосно ми се промени погледот на животот и концептот за него. Станав многу помотивиран за да го променам мојот и животот на моите блиски. Сватив дека луѓето треба да си помагаат и да се ценат едни со други. Ги увидов грешките кои сум ги направил во минатото и причината за нив, научив како да се справувам со нив на правилен начин без притоа да ги повторувам истите. Со едукацијата и книгите научив многу работи како што се етика и чесност, работи кои мислев дека ги знам но сватив дека само сум ги знаел како зборови а не која е нивната цел и значење. Нешта кои се од витална важност за мојот и опстанокот на луѓето. Научив како да ги препознавам добрите и лошите луѓе во мојот живот и какво влијание можат да имаат истите врз мене. Си ги видов сопстевините грешки кои сум ги направил и се ослободив од непотребните мисли. Сватив кои грешки сум ги правел кои ме уништувале мене и луѓето кои биле околу мене. Разбрав дека не треба на тој начин да функционирам и дека постои подобар начин како да се справиш со ситуациите без да му наштетиш на некој. Човек мора да функционира на сите области во животот и дека сите луѓе зависиме едни од други. Со Нарконон програмот постанав чесен и етичен член на општеството кој може да функционира и придонесува за него.

К.М. дипломец на Нарконон Програмата


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА