Конечно почнав да спијам и јадам нормално
На почетокот кога започнав со програмата за Детоксикација – Нов Живот не се чуствував добро, како физички така и ментално. Кога започнав не можев да трчам, имав физички потешкотии и проблеми со дишењето. Но како поминуваа деновите, состојбата ми стануваше се подобра и подобра. Во текот на програмата за Детоксикација – Нов Живот најпрво ми се врати чуството за допир, па потоа и мирисот и вкусот. Потоа ми се избистрија видот и слухот. Имав проблеми со мускулите во нозете и коските во рацете кои со текот на програмата за детоксикација исчезнаа.

По телото имав рани кои целосно исчезнаа и кожата доби подобар сјај. Од ден на ден имав се повеќе и повеќе енергија.
Почнав да спијам и јадам нормално. Ментално на почетокот од сауната воопшто не се чуствував добро, бев како изгубен во времето и просторот. Имав премногу негативни мисли, збунетост и нервоза. Со текот на сауната сето тоа исчезна и се почуствував како да ми се избистри главата. Сета онаа негативна енергија која ја имав исчезна и почувствував еден спокој и душевен мир.
Исчезнаа сите оние негативни мисли и конечно пронајдов мир во самиот себе. Негативната енергија се претвори во позитивна и сега сум една среќна и весела личност која ужива во животот и секој момент од него.
Се чуствувам одлично, како конечно да ме огреа сонце после толку многу дожд и спремен сум да продолжам понатаму со програмата на Нарконон.
С.Ш - Студент во Нарконон Балкан
За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.