Почетокот на Детоксикацијата Нов Живот ми беше физички и ментално тежок. Физички мислев дека нема да имам потешкотии но првиот ден веднаш после трчањето имав многу лоши и неподносливи болки, мислев дека нозете ми скапуваат, коските како да ми се ронат, а мускулите прегорени и не можев да стојам простум, морав да седнувам. Што и да почнев да правам, било каква физичка активност, почнував да се нервирам бидејки се осеќав како неспособен.
Ова траеше околу две недели, секој ден имав неподносливи болки но не се откажував од трчањето, туку секој ден си поставував нови цели да трчам што можам повеќе и повеќе, му одев контра на болката, колку повеќе ме болеа толку повеќе трчав. Бев истраен и за помалку од две недели цел труд ми се исплати бидејки нозете се опоравија и можам да трчам по пет километри без проблем.
Ментално првите неколку денови ми беа неподносливи, неможев да ја трпам жештината и станував многу нервозен, но бидејки знаев што ми ја предизвикува нервозата, можев да ја контролирам и да ја поднесам. Читањето и разбирањето на книгата чисто тело, бистар ум ми помогна подобро да сватам што ќе се случува во сауна, какви реакции да очекувам и што да правам кога ќе се вклучи некаква реакција, ова многу ми помогна да го поминам чекорот за детоксикација и сега сум спремен за следните чекори.
„Секој ден се осеќам се подобро и подобро!“
Повторно се осеќам жив, емоциите ми се вратија, мислите ми се избистрија, физички се осеќам многу подобро, имам доволно апетит, сонот ми се врати а немав сонувано една година и сега кога ќе се разбудам се осеќам наспано и одморено. Го осетив духовното и менталното ослободување! Секој ден се осеќам се подобро и подобро!
Моите придобивки од Детоксикацијата Нов Живот се навистина големи. Можам да спијам мирно и конечно се будам лесно и полна со енергија. Јадам како што треба и внесувам многу повеќе течности за разлика од претходно.
На почетокот кога започнав со програмата за Детоксикација – Нов Живот не се чуствував добро, како физички така и ментално. Кога започнав не можев да трчам, имав физички потешкотии и проблеми со дишењето. Но како поминуваа деновите, состојбата ми стануваше се подобра и подобра.
Колачињата помагаат нашата интернет страница да функционира правилно. Со користење на нашата интернет страница, Вие се согласувате на нашата употреба на колачиња.
Во ред
| прочитајте повеќе