Марихуаната е исто така опасна како и сите други дроги
Деновиве правам анализа за штетните постапки кои сум ги правела во минатото додека сум користела марихуана, пред да ја правам анализата имав цврст став дека марихуаната не е дрога и дека не ти прави ништо лошо. Но сватив дека јас бев нон стоп под дејство на марихуана за да можам да функционирам правилно, но смислата за што е тоа правилно ми беше испревртена од марихуаната.

Марихуаната е исто така опасна како и сите други дроги, ништо до сега не можеше да ме натера да го потврдам ова. Не само што не функционирав правилно туку и бев постојано затворена во себе, а бев отворена само за уште повеќе марихуана. Задоволна сум што конечно ја прифатив опасноста од марихуаната, а уште по задоволна сум што сватив дека функционирам најпрекрасно без неа, дека трезна сум многу подобра од надуваната 2017 год, а и дека понатаму нема да ме излаже фактот дека ”марихуаната е безопасна”.
И.К — Студент во Нарконон Балкан.
За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.