Никогаш не сум била посреќна и поослободена

Додека патував низ овој дел од курсот се запознав со многу нови гледишта, искусив многу силни и интересни работи за мене и за мојата личност. Низ патувањето првиот стоп ми беше амфетаминот кој ми предизвикуваше многу непријатности, но сега си простив на себеси дека сум го земала. Ова беше првото олеснување по преминот на стопот.

Потоа си искоренив од главата дека марихуаната е безопасна и сфатив дека исто толку ми наштетувала како и амфетаминот. Но како своја најголема придобивка сакам да ја истакнам љубовта за себе која ја здобив со работењето на овој курс. Сфатив дека почитта и љубовта за себе ми биле на премногу ниско ниво и дрогата и алкохолот биле само нови алатки за самоуништување.

(Слика од www.pexels.com)

Сепак сега сум една личност која премногу си се почитува и сака себеси, личност со желба за живот без деструкции кон него и личност која само со таа самопочит дотурка далеку во борбата против дрогата. Станав толку силна и самоуверена, горда на својот напредок и храбро разговарав со моите родители за времињата кога сум земала дрога. Им кажав колку жалам за сите работи што сум им ги направила под дејство, но без никаква лоша емоција во себе. Исто така им нагласив дека сум била под дејство и дека потсвесно сум барала помош. Се почувствував како карпа во тој момент, а моите родители беа горди на мене исто толку колку што сум и јас горда на себе.

Мојата личност никогаш не била посреќна и поослободена во сопствената кожа. Не се гледам како бивши зависник повеќе, се гледам како потполно различна личност која е спремна на сé и сака само да победува во животот.

И.К.—Студент во Нарконон Балкан.


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА