Ми стана навика да ги соочувам проблемите и да ги решавам

За време на денешната објектив вежба ја осетив позитивната промената на начинот на кој размислувам. За проблемите во мојот живот почнав да размислувам каде е изворот или поточно кај сум згрешил што сум стигнал во лоша состојба. Сега барам решение на тие проблеми и гледам грешките да не ги повторам. Не се разочарувам што се случиле, гледам позитивно на работите и можам да научам од тие грешки затоа што човекот понекогаш треба да учи и од сопствените грешки.
Приметив и се сетив на некои работи кои не беа во ред со мене и со мојот став. Кога разговарав со моето семејство или со некој друг и тие не се согласувале со мене и со моите идеи, во таквите моменти јас се осеќав лошо и повреден па комуникацијата често знаеше да излези од контрола. Станував вознемирен, црвен во лицето и одма започнував да им давам навредливи коментари, да ги барам нивните мани со цел да ги потиснувам и често ги обвинував за нешто што не било никако поврзано со нив.
„Ми стана навика да ги соочувам проблемите во животот и да ги решавам, а не да конзумирам диазепам и хелекс“
Се сетив на некои работи од минатото кои ми претставуваат опасност. Се потсетив на времето пред да дојдам во Нарконон и на работите што тогаш ги правев. Го надминав тоа, се разведрив и се почувствував безбедно и сигурно. Ми стана навика да ги соочувам проблемите во животот и да ги решавам, а не да конзумирам диазепам и хелекс.
Студент на Нарконон Балкан – М.А.
(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)