Што постигнав со завршувањето на курсот Објективи?

На курсот објективи постигнав преубави победи, успеси и способности. Почнав да размислувам подобро и побрзо од претходно, куминикацијата како со луѓе така и со предмети ми е многу подобра, почнав да си го организирам животот и местото каде се наоѓам за да можам полесно да функционирам. Ми се подобри видот, слухот, допирот и многу други работи. Почнав да имам контрола на себе, на мојот живот и на предметите, ми се вратија чувствата и емоциите.
Станав посвесен за себе и моето постоење, имам ориентација каде се наоѓам и што треба да правам и гледам што се случува околу мене. Станав посвесен за околината, ги гледам предметите и луѓето по реално од порано, мојата свест е на многу повисоко ниво. Мојата перцепција е значително подобрена од претходно. Сега сум во сегашно време, целосно присутен.
„За секој проблем има решение, треба да се соочувам со проблемите а не да бегам од нив.“
Постанав свесен дека богатство не се само материјалните нешта, можеш да бидиш многу богат ако поседуваш знаење и способности. Увидов и дека јас сум бил тој што ја барал дрогата и лошите друштва, не дека случајно сум се наоѓал таму и во такви ситуации. Почнав да ја гледам реалната ситуација кој е со мене скогаш и кој ми дава поддршка, видов дека фамилијата е таа што секогаш е на моја страна. Видов дека за секој проблем има решение, треба да се соочувам со проблемите а не да бегам од нив. Многу сум поодлучен од претходно, сега можам да се справувам со бурното минато многу полесно, можам да ги избришам црните мисли и менталните слики што ме наведуваа пак да посегнам по дроги. Сето тоа го оставувам во минатото и сега живеам во сегашноста, повеќе не ми влијае минатото. Не ме иритираат и не ме вознемируваат наредбите од некој друг.
Ваквите победи неможам подобро да ги запишам и ова е само мал дел од придобивките кои ги добив со правењето на овај курс. Треба секој да ги искуси овие нешта за да го дознае ова прекрасно чувство.