Мојата Промена

Пред сè, огромна благодарност до целиот персонал во Нарконон Балкан. Љубовта и посветеноста на персоналот се огромни, затоа што безусловно им помагаат на луѓе кои сакаат да се променат.
Се чувствувам фантастично – здрав во секој поглед, и физички и психички. Имам зголемена свест за себе, за мојата околина и за акциите што ги преземам. Сега живеам во сегашноста и сум присутен во моментите, па сите работи околу мене ги доживувам такви какви што се.
Моето тело и начинот на кој размислувам сега се целосно променети – имам комплетна контрола врз себе и врз околината. Комуникацијата ми е на високо ниво со сите околу мене. Со смирен ум сега носам стабилни и правилни одлуки за себе и за моето семејство.
Многу сум среќен што променив многу лоши навики од мојот живот и што станувам корисен човек – најпрво за себе, а потоа и за моите блиски.
Начинот на кој го доживувам секој момент е бесценет – уживам максимално. Се чувствувам како нормален човек кој може да се вклопи во нормално општество и при тоа да има функционална улога во истото!
Н.С. – студент во Нарконон Балкан