Мојот живот е променет

Narconon Balkan
(Слика од Lázaro Revoledo/Pexels.com)
 

Се будам секое утро и не се прашувам “Зошто се разбудив”? Благодарение на придобивките со кои се стекнав низ програмата за рехабилитација во Нарконон Балкан центарот веќе не го одбегнувам животот туку го живеам. Веќе не сум тажен со новиот ден туку му се радувам. Веќе нештата не ми се пречка туку предизвик. Животот ми се промени и оди по нагорна линија со самото тоа што сега сакам да живеам. Се стекнав со самопочит, ми се врати самодовербата. Станав отворен за комуникација, желен за акција, за делување. Кај мене се отвори простор за разбирање на другите во вистинска смисла на зборот. Исполнет сум со ентузијазам и светла претстава за иднината, стравот исчезна. Сега чекорам во новите денови, новиот живот, живот без дроги и алкохол! Уште еднаш благодарам до Нарконон Балкан и целокупниот тим во центарот за рехабилитација!

Д.К. дипломец на Нарконон програмата


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА