Моќта на Програмата за Детоксикација - Нов Живот

Во програмата за Детоксикацијата – Нов Живот на лицето му се даваат терапевтски дози на минерали, витамини и масла во врска со времето поминато во сауна и умерено секојдневно вежбање. На овој начин, остатоците од дрогите се испуштаат од масно ткиво. Овие хемикалии потоа се ослободуваат од телото преку потење. Програмата која се прави со помош на сауна е точно пресметан протокол што гарантира дека токсините растворени од масното ткиво се целосно испуштени од системот и не влегуваат повторно во крвотокот.
Додека овој процес на детоксикација не е наменет за лекување на какви било специфични заболувања или здравствени нарушувања, бројни научно-истражувачки програми и клинички студии јасно покажаа дека многу општи здравствени придобивки се стекнати од учесниците.
Приказна за успех од студент кој ги ослободил остатоците од дрога од телото во текот на Детоксикацијата „Нов Живот“
Како придобивки и победи од Детоксикацијата – Нов Живот на физички план ми е враќањето на силата и искоренување на мрзеливоста кај мене, нешто што претходно многу ми сметаше и ме нервираше а исто и ме кочеше во животот да си ги завршувам секојдневните обврски.
На ментален план: многу сум посмирен, посконцентриран, донесувам побрзо одлуки, меморијата ми е подобрена, сонот ми е во одлична состојба, обновени ми се сетилата за мирис и вкус. Најсреќен ме прави тоа што повеќе не земам дрога и алкохол, не ни помислувам на нив и немам потреба од нив поради тоа што телото ми е чисто.
Студент на Нарконон Балкан – Н.А.