Потиснување на Чувствата

Здраво, сакам да го споделам моето сознание од вчера. Мислам не откривам топла вода но сакам да споделам со вас за мене важно сознание кое го разбрав. Не дека не го знаев, всушност го сфатив еднаш за секогаш. Вчера вечерта размислував за причината зошто толку тешко можам точно да ги откирам некои манифестации предизвикани од минатото од дроги, за време на потењето во сауна. Дојдов до следниот заклучок: 

Гледам дека кога сум конзумирал некоја дрога или алкохол тоа било вештачки. Сигурен сум дека поради еуфоријата предизвиката од таа дрогата или алкохолот другите чувства биле потиснати во тој момент и краткотрајно сум мислел дека се е во ред. Се додека не помине дејството и враќање на веќе посточеката состојба, само со многу поинтензивно, полошо, со еден збор губење, правење ненормални работи, депресија, нервоза итн.

  „После ова сфаќам дека сум бегал од нешто и пред дрогата и алкохолот..“

Поради тоа е потешко да ги соочиме или да погодиме што точно или која супстанција се манифестира за време на потењето во сауна (зборам за себе). Затоа што тие се потиснати од еуфоријата или друго, и забораваме на вистинските чувства, тие лошите како нервоза, депресија и сл. Значи, после сѐ ова сфаќам дека сум бегал од нешто и пред дрогата или алкохолот. Значи мојава состојба постоела и претходно, а со штетните супстанции јас само сум ја влошувал, или сум ја решавал лажно предизвикувајќи уште поголемо влошување. Се надевам дека со помош на курсевите после детоксикацијата ќе најдам што било тоа што ме мачело пред да започнам со дрогата и алкохолот. 

Студент на Нарконон Балкан - Н.Н.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА