Моќта на новогодишната одлука

Narconon Balkan

Знаев дека треба да дојдам во Нарконон, имам многу другари во мојот град кои беа учесници на програмата, го гледав нивниот резултат и гледав како дејствуваат позитивно, знаев дека и јас треба да го направам истото, но никако неможев да одлучам. Денот пред Нова Година 2021-2022 бев премногу издрогиран. Вечерта пред дочекот на истата бев во мојата соба сам, а долу во дневната беа моите роднини и моите родители. Бев пред огледало, се гледав и чувствував дека ми е последниот ден кај што сум издрогиран, го чуствував тоа и прв пат под дејство ми се случи да одлучам да ја оставам дрогата. Слегов долу, им кажав добра вест на мојата мајка и моите роднини дека конечно одлучувам да го променам мојот живот и дека ми е потребна стручна помош. Се сеќавам на радоста на изразот на мајка ми поради одлуката што ја донесов за себе... Моето тело и ум беа руинирани, и гледав дека исто ја имав руинирано мојата фамилија, осеќав дека клучот сум јас за тоа да се подобри и дека јас сум тој што треба да донеси одлука, за да направи работите да одат кон подобро! И да ОДЛУКАТА што ја донесов на Нова година ја реализирав после 10 дена дојдов во Нарконон Балкан.

„Среќен сум поради тоа и сега го гледам резултатот, како напредувам и што постигнав!“

Среќен сум поради тоа и сега го гледам резултатот, како напредувам и што постигнав! Кога ја донесов одлуката, искрено не бев сигурен за резултатот и исходот што ќе излези од таа одлука лично за мене! Но, сега откако ја постигнав промената, сум изненаден од тоа, и да знаев дека ќе имам огромни придобивки, ќе се одлучев побрзо за оваа промена! Сега ми е полесно да носам чисти и конструктивни одлуки, сега одлучив и да им помагам на луѓето кои имаат проблем со зависност, знам дека ова ми е најдобрата одлука што сум ја донел во мојот живот. А Вие не чекајте како мене ”обрачот” секој ден се стега околу вас, знам сум го поминал тоа.

ОДЛУЧЕТЕ – направете нешто за вас и вашата фамилија.

М.Х., студент на Нарконон Програмата


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА