Можам Да Имам Контрола Над Самиот Себе

Денес дури ги правев предвидените вежби, кои се дел од Нарконон Програмата, имав многу голем успех.
Секогаш сам треба да донесувам одлука за тоа како ќе ми се одвиваат работите. Целиот мој живот зависи само од мене и од никоја друг. Никогаш не треба да ги оставам работите недовршени, секогаш треба да им се докажувам на луѓето со акции, а не со зборови, како што правев досега .
Јас можам да имам контрола над работите и да ги извршувам до крај, само доколку навистина го сакам тоа.
Ако можам да имам контрола над работите што треба да ги завршам, зошто пак да немам контрола над самиот себе?
Зошто да дозволувам нешто друго (мојата зависност) да ме контролира?
Сум направил многу глупави грешки во животот без размислување. Отсекогаш се дружев со користољубиви луѓе, не ги слушав родителите кога ми велеа да не се дружам со таков тип на луѓе, дека не се добри. Секогаш ги негирав нивните ставови околу тоа. Секогаш правев се да биде по мое, но со таквото мое однесување ја изгубив целосно довербата кај нив.
Вежбите исто така ми помогнаа да бидам посигурен во самиот себе, да ги извршувам сите работи многу подобро.
Комуникацијата ми е подобрена, повеќе сум сконцентриран на сегашноста.
За да станам личност каква што сум сега многу ми помогна Нарконон Програмот, Тимот од Нарконон Балкан, за што сум им многу благодарен.

Д.О. - СТУДЕНТ НА НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА