Научив што значи да си чесен и како да имам среќен живот

(Слика од Rostislav Sedlacek\Shutterstock.com)

Пред почетокот на курсот “Лични Вредности“ , помислив дека ова ќе биде лесно и едноставно. На себе гледав како на етична личност, се разбира со некои пропусти. Дополнително, ни на крај памет не ми доаѓаше како етиката може воопшто да се поврзе со среќата. Претпоставував дека е нешто банално, досадно и про-форма. Порано во професионалниот живот етиката ја следев по соодветните етики и кодекси, дали се законски пропишани или пак сет од правила на мојата фирма или професионалните организации во кои членувам. Курсот ме раздрма уште од самиот старт. Никогаш не сум ни размислувал етиката да ја поврзам со опстанокот. Но во овој случај има апсолутна смисла. Се разбира дека во минатото во одредени ситуации сум се однесувал етично, можеби и на директен товар на самиот себе, но сум се чувствувал убаво. Не знаев зошто се додека не прочитав дека “Човекот е во основа добар“. Со тоа започна едно многу интересантно истражување на темата етика, Бев исполнет што учев работи и што со навраќање на ситуации во минатото почнуваше да се сложува сложувалката. Настани кои ме повредувале сега имаа смисла. Настани кои ми тежеле, разоткрив зошто ми тежеле. Научив многу важна работа. Како да постапувам исправно и да правам добро, што е најголемо добро… Тогаш дојдоа моќните оверти и витхолди и соочувањето со нив. Моето тело сакаше да побегне од нив.

Често се натажував и самообвинував, но знаев дека мора да поминам низ тоа. Испишав еден куп на гнасни работи кои што сум ги направил, но и гнасни работи кои што сум пропуштил да ги спречам. Со пишувањето се зголеми мојата свесност за што е добро, а што е лошо. Влијанието беше толкаво, да поприлично многу почнав да внимавам што правам и кажувам, но и да спречувам некој друг во лоши постапки. Чудно, но на овој курс ги засакав луѓето, генерално, повеќе од претходно. На моето постоење гледам поинаку, од повисока перспектива за разлика од претходниот егоизам. Дознав како функционираат ланците на оверти и открив неколку клучни, за кои не сум ни знаел дека постојат. Со испишувањето секој ден се чувствував поолеснат, но и се посмирен. Многу убаво чувство, кога знам дека нивото на соочување со овертите ми е подигнато. На крај дојдоа 2-те правила за среќен живот. Сега тие 2 правила ми се природно логични. Сега ја имам алатката со која ќе ја воведам етиката кај себе, но и да им помогнам на другите да ја воведат кај себе.

—Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА