Не дозволувај лажните маски на луѓето да те заслепат

Во животот се тече се се менува. Па така и јас од негативна станав позитивна личност. Се раѓаме да ги доживееме благодетите на нашиот живот, да ги запознаеме неговите вредности и да ги почувствуваме задоволствата што ни ги овозможува. Некогаш позитивни, некогаш негативни. За жал, во денешно време деконструктивноста рамо до рамо парира на конструктивноста. Правејки зло, ти се враќа со зло. Повеќето луѓе со едната рака те милуваат, со другата ти задаваат нож во грб. Постои борба помеѓу доброто и злото, а ќе победи тоа што повеќе го милуваш.

Happy young man

Не дозволувај лажните маски на луѓето да те заслепат. Човекот има толку лица колку што познава луѓе, но има само една маска. Наизглед можеби сè е во ред, но има луѓе кои вешто ја сокриваат злобата, правејки се пријатели, на секој можен начин пробуваат да те уништат. Ако е некој доволно силен да те победи, биди посилен и покажи му дека не те скршил. Ако не превземеш контрола врз самиот себеси, некој друг ќе ја превземе. Луѓето не се створени за да бидат нечии играчки, фатени во канџите на деструктивците. Кога ќе згрешиш, веднаш направи сè како би ја исправил таа грешка. Живеј ја сегашноста, без товар на минатото, без грижи за иднината. За да го имаш она што го немаш, прави го она што не го правиш. Ако паднеш не се срами, срами се ако не станеш. Ако научиш да слушаш, лесно ќе научиш да зборуваш. Не треба да застануваме кога сме уморни, туку кога сме готови. Успехот не се мери според позицијата, туку според пречките кои ги поминуваш додека се обидуваш да успееш. Желбата за успех, мора да биде посилна од стравот за неуспех. Тие кои прават знаат прават нешто, тие кои разбираат подучуваат. Единствената стабилна состојба е таа во која сите луѓе се еднакви пред законот.

Биди тоа што си, и кажувај го тоа што го мислиш, бидејки тие што ти замеруваат не се вредни, а оние кои не замеруваат се оние што навистина вредат – а тоа се тимот на Нарконон Балкан. Благодарение на нив и безпрекорно добрата програма на Л.Р.Хабард, јас денес сум Drugfree личност – повторно го живеам животот, кој без нив беше темнина и дупка од која нема излез. Повторно ми се врати насмевката и ведрината на моето лице. Му се радувам на животот и повеќе немам црни мисли. Проблемите не ги заобиколувам, се соочувам со нив и ги решавам на мирен начин. Еве веќе година дена сум активен граѓанин на општеството, придонесувам во конструктивноста. Повеќе немам грижи на совест. Не се срамам од самиот себеси, не се плашам да се појавам и да се спротивставам на донесените одлуки кои влијаат негативно на општеството. Сам одлучувам за своите постапки, не дозволувам некој да ми наметнува работи кои според мене се неприфатливи. Но научив и да слушам, прифаќајки совети кои ќе ми донесат само добро. Ако згрешам, веднаш поправам, никој не е безгрешен. Научив да го сакам тоа што го имам, и да го добијам тоа што го сакам. Стекнатото знаење и сознанија кои ги добив во текот на програмата, за мене претставуваат сигурен пат за доследен живот, како што заслужува еден човек. Во подобар однос сум со семејството и луѓето кои ме опкружуваат.

Стекнав нови и вистински пријателства, успеав и да повратам некои, кои претходно со конзумирање на дрогата ги изгубив.

Со два збора сега живеам, а тоа значи дека постојам.

Д.Т.—Дипломец на Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА