Не е сѐ секс, дрога и рокенрол

Со сите смртни случаи од предозирање на славни музичари во текот на последните неколку години и децении, тешко е некој да поверува дека било која од рок-ѕвездите всушност живее трезен начин на живот. Кога почина Принц, Лил Пип и Том Пети, една од работите што ги слушнав беше:
“Тоа е секс, дрога, и рокенрол.”
И
“Таков е животот на една рок-ѕвезда!”
До некаде, тоа е вистина. Кога некои луѓе ќе помислат на животот на една рок-ѕвезда, тие мислат на Мотли Кру, забавувајќи се со група девојки во задниот дел од нивниот автобус, или членовите на “Металика”, каде што пијат и уништуваат хотелска соба. Некои луѓе слушаат рап музика каде што зборуваат за пиење “lean“ (лекови за кашлица) пушење тони марихуана и пиење Xanax. Други луѓе помислуваат на Џенис Џоплин и користење на преголема доза на хероин. Но, поентата е, зависноста е многу често поврзувана со музичари и музичката сцена. За жал, многу рокери починаа откако зависноста го зеде најдоброто од нив. Начин на живот ги презема и на крајот тие се сретна со нивнатото крајно уништување. Но, со сето тоа, она што е заборавено е многу, многу музичари, рапери и рок ѕвезди кои се трезвени - каде што не е сè за дрога и алкохол. Листата на трезвени, влијателни музичари е изненадувачка, до одреден степен, бидејќи повеќето луѓето веруваат дека за да бидете познати, се работи за тоа колку дрога и колку жени можете да добиете.
Еве листа на некои трезвени рокери:
- Стивен Тајлер (Aerosmith)
- Елтон Џон
- Калвин Харис
- Дејвид Боуви
- Ентони Кидис (Red Hot Chili Peppers)
- Џејмс Хетфилд (Metallica)
- Џин Симонс (KISS)
- Трент Резнор (Nine Inch Nails)
- Ерик Клептон
- Крис Мартин (Coldplay)
- Ед Шеран
- Еминем
Шоуто ќе продолжи…
Гледате, не мора секогаш да биде “луда забава”. Работата е, не само што е можно да станете трезвен, туку можно е и да останете трезвени и да бидете креативни, да привлечете огромна публика на луѓе и да бидете лудо успешни. Додека претходно беше да се земе што повеќе дрога и да се биде што “пооткачен”, некои музичари овие денови се посветени на тоа за да се биде трезвен, етички и да се создава прекрасна музика за своите фанови. Можеби некогаш сè се вртеше околу забавата, но не можеш да се забавуваш засекогаш, а опасностите го надминуваат краткорочниот “хај”.
Ако имате некои прашања или знаете некој на кого му треба помош, посетете ја нашата веб страна www.narconon-balkan.org или јавете се.
Преземено и преведено од www.narconon-suncoast.org
Автор: Jason Good—Narconon Suncoast