Екстазите не се начин за забава

Нешто што во последните периоди е многу популарно кај младите генерации е конзумирањето на дрогата екстази. Младите многу често ја користат како дрога за забава, но проблемот е што не ги знаат штетните последици од истата.

Последиците од екстази може да бидат со фатални исходи, хиперпирексија (зголемена температура), дехидрација (губење на течност) и срцева слабост. Според нејзиниот состав, екстазата е слична на амфетамин и мескалин, па доминантните ефекти на активна ментална стимулација и привидна – халуциногена “креација”.

Супстанцијата брзо се апсорбира, преминува во крвно - мозочната бариера и дејствува на централниот нервен систем. Злоупотребата на оваа супстанца достигнува епидемиски услови кај тинејџерите. Последиците од злоупотреба на оваа супстанција се рефлектираат на менталните функции, физичко здравје и растројување кај личноста. Реакциите се индивидуални, а токсичните ефекти можат да се изведат со многу ниски дози.

Меѓу психолошките симптоми доминираат:

  • страв, депресија
  • звучни и видливи халуцинации
  • токсични или т.н. деградирани психози кај луѓе кои, во несакани животни ситуации или поради интоксинација, се предиспонирани да страдаат од некоја ментална болест.

Токсичната психоза е придружена со халуцинации, параноични идеи и паника, се плашат дека тие се егзистенцијално ранливи, има суицидни идеи и самоубиство. Постојат многубројни последици по соматскиот план и здравјето кај младите луѓе кои се сериозно загрозени. Најчестите нарушувања се воспаление на црниот дроб и бубрезите, оштетување на бубрезите, и срцева слабост, кардио - миопатија, васкуларно крварење, разни нервни болести, како и конвулзии, епилепсија. Исто така е важно да се потенцираат нарушувањата на личноста кај корисниците на дрога. Најчесто тоа се опсесивно-компулсивно феномени, карактеристични по присилни постапки, како и стереотипни однесувања.

Екстазите делуваат на ендокриниот систем, особено на тироидната жлезда и хормонот за раст. Имало случаи на задоцнување во развој кај деца кои користеле некои од дериватите на амфетамин. Опишани се случаи на драматичен пад на мускулната маса.

Поради ова многу често корисниците на екстази изгледаат мало (слабо, ниско, ковчесто) и имаат чудно висок шкрипав глас. Многу често младите се залажуваат на тој начин што си викаат дека од една неможе да им биде ништо, дека не може да ги повреди, но не го знаат фактот дека по таа ќе дојдат уште многу други сакале тие или не. Последиците од оваа дрога се јасно опасни. Личноста која користи екстази е видливо депресивна, или безволна, постепено почнува и да ги губи вистинските емоции и изгледа изнемоштено од дрогата. Така да не вреди да се забавува една личност на било и каков да е провод , било каква забава со екстази. Не треба да се лажат со фактот дека подоцна нема да се има последици и да ги води помислата дека се млади и нормално е да се забавуваат, екстазите не се начин на забава.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА