Не сум отпишаниот

Narconon Balkan

Дојдов во Нарконон Балкан во една критична состојба, прво не си верував сам на себе не па да му верувам на некој друг... Првите неколку дена гледав студенти, како што ги нарекуваат тука, ми помагаат без никаков личен интерес. Не ми се веруваше, неможев да разберам зошто ми помагаат?! Помина еден извесен период од мојата Нарконон програма, и како одев по чекорите на програмата почнав да ги согледувам работите околу мене такви какви што се, без никој ништо да ми рече јас почнав да возвраќам со помош на тој што мене ми пружил помош и тогаш сватив дека тука сите си имаме иста мака и дека мора да се подржуваме еден со друг чисто искрено без никакви задни намери, затоа што таму некаде надвор не рачунаат нас зависницити ОТПИШАНИ. Тука во суштина се запознав прв пат во мојот живот со искрени луѓе кои се полни со волја и со живот во нив. Како напредував на Програмата како група со овие луѓе толку многу се споивме како другари што ние имавме само еден заеднички не пријател - зависноста. Нашата цел беше заедничка и иста да го победиме тоа зло. Ние сме на тој пат, но за тоа така да биде како ветер во грб зад нас се и сите вработени и волентери во Нарконон Балкан. И пред мене и зад мене се, спремни луѓе полни со трпение и разбирање наоружани со знаење од технологијата на Л. Рон Хабард и оваа програма. Се радуваат на секоја победа и секој успех на секој од нас - студент. Прв пат го оставив мојот живот во рацете на едни тогаш на почетоците на непознати луѓе, но сега сваќам дека јас во по сигурни раце никогаш досега и не сум ни бил. Во ниту еден момент не ме ставија во конфузија, ниту во еден момент не почуствував дека сум ОТПИШАН, туку преку програмата со нивна помош се пронајдов себе и сега имам свои цели за животот, среќен сум, сигурен сум во себе. Имам огромна почит за сите тука и уште поголема благодарност и ќе ги имам до крај, затоа што мојот живот им го должам на овие луѓе тука.

„Ве сакам, ме ставивте на шините, знам сега кај одам, Вие сте мојата фамилија и ова е мој нов дом кој неможам да го платам - нема цена.“

За стафот во Нарконон Балкан: Ве сакам, ме ставивте на шините, знам сега кај одам, Вие сте мојата фамилија и ова е мој нов дом кој неможам да го платам - нема цена.

М.Х., студент на Нарконон програмата


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА