Ништо повеќе нема да ме одтргне од мојата цел - да живеам живот без дроги

Трезвая девушка

Кога ја започнав оваа објектив вежба стварно незнаев како е да имаш намера без резервираност. Цел живот ме интересираа работи кои никако не се поврзани со мојата цел. Многу ми влијаеа надворешните фактори кои беа надвор од мојата цел а тоа се беше поради немањето на силна намера за работите кои ги правев, туку сето тоа го правев “ради реда”.

Ми доаѓаа разни мисли додека ја правев вежбата и не ме оставаја да ја правам вежбата за да продолжам да го правам тоа што треба, туку ми одеше вниманието на секаде. Како што продолжив со вежбата така се повеќе и повеќе бев сигурна во тоа што го правам и што сакам да го постигнам.

“Сега сум сигурна во себе и знам дека нема да дозволам ништо да влијае и да ме одтурне од постигнување на мојата цел.”

На некој начин успеав да ја поврзам вежбата со тоа како би функционирала и понатаму во животот. Јас сакам да живеам живот без пороци, но наоколу мене ќе има луѓе кои ќе сакаат да ме одтргнат од својата цел. Исто така ќе наидувам и на места кои ќе ме потсеќаат на минатото. Сега сум сигурна во себе и знам дека нема да дозволам ништо да влијае и да ме одтурне од постигнување на мојата цел.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА