Сега знам како да Напредувам

Young man looking at the nature — overt the shoulders

Во овие неколку месеци што сум овде во центарот за рехабилитација од дроги и алкохол Нарконон Балкан, тотално ја сменив перцепцијата за начинот на гледање и дејствување на самиот себе и моето опкружување. Сватив дека не се врти се околку мене и дека за да бидам личност за почит и пример за другите треба да се докажам со конструктивни акции и да се спротивставам на секој што гледам дека сака ова општество да го оштети.

Како единка која сака работите да се движат во нагорна линија разбрав дека треба да соработувам со група за тоа да биде поуспешно и побрзо. Во случај да дејствувам сам тоа ќе оди поспоро и нема да извадам максимум од посакуваното. Научив да не се залетувам по материјалните работи и тоа да го справам пред се, туку многу поважни се меѓучовечките односи, нивното меѓусебно разбирање и дека душевната исполнетост и богатството доаѓа од таму.

Чесноста, меѓусебната искрена комуникација, самодисциплината, смиреноста и волјата која си ја давам самиот себеси да направим нешто добро се позитивните нешта кои никогаш нема да ме однесат во погрешен правец. Со нивното употребување секогаш ќе го најдам најдоброто решение за сите тековни проблеми. Секогаш разумно да размислувам, да не брзам во донесувањето одлуки и сакањето за некои работи да се случат што побрзо, туку да бидам истраен и да му го дадам потребното време за нивното случување. Кога сето ова ќе го склопиме и употребуваме во нашиот живот, полека но сигурно работите ќе се придвижуваат до саканата цел и до благосостојба.

Студент од Нарконон Балкан – А.И.

АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as a Marketing and Promotions Manager at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА