Нови Надградувања и Освојувања

Нови Надградувања
Photo by Q000024 form PxHere
 

Бидејќи ја завршив програмата на Нарконон сега моите успеси се секојдневни, затоа што се навикнав на надградување и освојување на себеси и на секоја постигната цел или работа на кое било поле од животот. 

Иако имав план по завршувањето за некои работи, постигнувањето на некои цели не одеше точно според планот, но со текот на времето сфатив дека тоа е она што ме прави посилна и понезависна личност. Морав да сменам некои работи за да ги одржувам работите во ред.

Секој ден комуницирам и се справувам со различни луѓе и различни ситуации, а особено со себеси. На почетокот не ми беше лесно и имав потешкотии додека не се навикнав. Јас не престанав да учам откако ја завршив програмата, досега имам завршено два курсеви и со третиот сум во тек. Исто од нив добив успех и разбрав многу работи. Започнав да одам на комуникациски вежби, таму запознав нови луѓе кои исто така ги правеа вежбите и беа менаџери и газди на разни големи компании. Меѓу нив, се чувствував способна и горда на она што го направив во Нарконон. Имав ситуации во кои мојата истрајност беше тестирана, а потоа и чувствував дека курсевите што ги учев во програмата, во тој момент во кој што се наоѓам ми го спасија животот. 

Јас сум благодарна на себе и на луѓето во Нарконон кои постојано бараа да напредувам, веруваа во мене, сакаа повеќе и ми покажаа дека нема откажување. Видов дека целата работа таму ми се исплати. Целокупното разбирање на информациите и нивната примена има смисла. Видов колку е важно навистина да се знае и да може да се примени, иако тогаш беше тешко. Затоа што сега сум DRUG FREE поради тоа, мојата волја и трпеливост. 

Јас дури и не пијам алкохол по мој личен избор, моја одлука што ја донесов уште во Нарконон и го одржувам зборот. Без оглед колку луѓето не веруваат во тоа, чудно гледаат на тоа, се смеат или ме гледаат со страв за да не направат нешто погрешно, или да кажуваат едни на други: „таа не треба да пие, затоа што порано била зависник“. НЕ, луѓе, верувам во себе и во она што го знам и затоа не треба да пијам алкохол, не ни сакам и сум многу поспособна без тоа! 

Тренирам секој ден и досега имам ослабено 5 кила. Ја следам мојата дисциплина и се обидувам да jа зголемувам. Веќе се навикнав на моето секојдневие каде што сум сега, на ново место, со нови луѓе, кои на почетокот ме плашеа и беа прилично чудни за мене. Ми требаше време да се навикнам на нив, но успеав. 

Јас го задржувам мојот интегритет и среќна сум што гледам можности. Инвестирам во себе, својата иднина, не одбивам да инспирирам и да им помагам на луѓето, нешто што понекогаш е потешко и тие тоа не секогаш го гледаат и прифаќаат. Знам што правам и чекор по чекор ќе го постигнам она што го сакам. 

Дипломец на Нарконон Балкан – Г.Ш.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА