Ново поглавје

Ѓорѓи Ч. дипломец на Нарконон

Со самото завршување на програмот во Нарконон јас станав човек, единка, битие, постанав пример за тоа како треба да изгледа и да постапува една млада личност која потполно го промени својот начин на живот. Од кога ги исчистив отровите од моето тело во мене почнаа повторно да се будат сите заспани чувства и емоции а паралелно со нив да се искачува мојата енергија, мојата волја за ново поглавје во мојот живот. Поглавјето започна со мојата будност, мојата присутност во сите моменти, во сегашноста! Моментите во кои најсвесно видов какви и колкави штети сум нанесол на себеси и на се друго околу мене, тие беа моменти каде што мојот разум почна да донесува одлуки кои се базираат на тоа “што ќе се случи и што ќе донесе тој следен чекор”.

„Денес достигнав состојба во која сум среќен и радосен за успехот и победите на другите, многу лесно и нормално ми е да понудам помош и кога таа не е побарана од мене, креирам и градам план за мојата иднина и се борам против злото и победувам!“

Застанав со исправена глава пред се она што сум го направил и превзедов целосна одговорност за истото. Не беше лесно, не, но само на тој начин и на никој друг јас постанав чесен, искрен и етичен кој може да соочи се и сешто и со ладна глава и чиста совест да згазни преку се што може да предизвика штета на мене и моите најблиски. Денес достигнав состојба во која сум среќен и радосен за успехот и победите на другите, многу лесно и нормално ми е да понудам помош и кога таа не е побарана од мене, креирам и градам план за мојата иднина и се борам против злото и победувам!

Ѓорѓи Ч. дипломец на Нарконон


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА